15 Јуни, 2021
0.0240

А1 Македонија со најдобар проект за паметен град за општина Велес

Објавено во: Мои пари 14 Мај, 2021

А1 Македонија ја има честа да ја извести јавноста дека е избрана како најдобар понудувач на јавниот тендер за набавка и имплементација на паметна опрема за општина Велес како корисник на под-грантот на Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК). Под-грант шемата на ПЛРК е финансирана од Инструментот за претпристапна помош на Европската унија - ИПА 2 и Владата на РСМ, управувана од Светска Банка. Тендерот се спроведе во согласност со Процедурите за национално конкурентно наддавање како што е утврдено во Насоките за набавки на Светска банка.

Под-проектот Паметно езеро Младост – Првата иновативна туристичка атракција во Македонија вклучува имплементација на контролна табла на Градот и IoT платформа каде што ќе се интегрираат шест различни IoT решенија. Тие вклучуваат воведување модерен интегриран систем за контрола на автоматското осветлување (Паметно осветлување), паметно управување со простор за паркирање (Паметно паркирање), паметно управување со отпад (Паметен отпад), паметни клупи со интегриран безжичен Интернет (Паметни клупи), полнач за електрични возила со можност за електронско плаќање (Полнач за електрични возила) и електрични велосипеди со паметно заклучување (Паметни велосипеди) со SaaS (софтвер како услуга) решение за управување со паметно заклучување. Крајниот рок за реализација на овој под-проект е 30 јуни оваа година.

Со Проектот за паметен град, општина Велес ја почнува својата трансформација во модерен и паметен град којшто го следи примерот на развиените европски градови, со што го подобрува квалитетот на живот на граѓаните во Велес и посетителите на езерото Младост.

А1 Македонија верува на новата ера на паметна поврзана технологија и токму затоа продолжува да се фокусира на подготвување и имплементирање проекти коишто ќе дадат придонес во унапредувањето на модерното живеење.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ФОНДАЦИЈАТА „Д-Р МИХАИЛ ЛЕВЕНСКИ“, ДАРИ ПЕТСТОТИНИ ПРИМЕРОЦИ ОД КНИГАТА „КАКО ДА СТАНАМ СВОЈ“, НА ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА СО ИМЕ „БЛАЖЕ КОНЕСКИ“, КАКО АМАНЕТ ОД ЛЕВЕНСКИ, А ВО ЧЕСТ НА 100-ГОДИШНИНА ОД РАЃАЊЕТО НА КОНЕСКИ

Придружете му се на дијалогот за постепено напуштање на употребата на јагленот и праведна транзиција во регионите со јаглен во Западен Балкан и во Украина

Придружете му се на дијалогот за постепено напуштање на употребата на јагленот и праведна транзиција во регионите со јаглен во Западен Балкан и во Украина

Европа се обидува да ги забрза своите вложувања во водород, 5G и блокчејн

Европа се обидува да ги забрза своите вложувања во водород, 5G и блокчејн

Даниела од Свети Николе доби МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ вреден преку 1.300.000 денари

Даниела од Свети Николе доби МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ вреден преку 1.300.000 денари

Нептун подари 20 Fuego смарт телевизори за да се гледа Македонија на Европско

Нептун подари 20 Fuego смарт телевизори за да се гледа Македонија на Европско

Дрита Ислами, олимписка атлетичарка: „За 10 години ќе бидам пример за сите млади спортистки“

Дрита Ислами, олимписка атлетичарка: „За 10 години ќе бидам пример за сите млади спортистки“

Освежи го летото со Credissimo

Освежи го летото со Credissimo

Срушени државни рекорди на 10.000 метри на HalkEco Скопје Трча 10КМ

Срушени државни рекорди на 10.000 метри на HalkEco Скопје Трча 10КМ

Милион причини за гол на Македонија на Европското првенство - Mozzart за секој гол на Македонија донира милион денари!

Милион причини за гол на Македонија на Европското првенство - Mozzart за секој гол на Македонија донира милион денари!