19 Април, 2024
0.0379

A1 Македонија има најбрза мобилна мрежа во земјата – овој пат потврдено и од Ookla®

Објавено во: Мои пари 14 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Телекомуникацискиот оператор А1 Македонија, доби уште една потврда за најбрза мобилна мрежа во земјата, овој пат согласно податоците од корисниците добиени со Speedtest® на Ookla®, глобален лидер за мобилна и широкопојасна мрежна интелигенција.

Резултатот е добиен врз основа на повеќе од 60,000 тестови извршени од корисниците на сите мобилни оператори во Македонија од јули до декември 2021 година, а според кој мрежата на А1 Македонија покажа брзина - Speed ScoreTM 79.06.

„Speedtest® наградите кои ги доделува Ookla®, се резервирани за елитни номинирани  оператори со исклучителни интернет перформанси и покриеност на пазарот. На А1 со големо задоволство и ја доделуваме наградата за Најбрза Мобилна Мрежа во Македонија. Ова признание го потврдуваат исклучителните перформанси во Q3-Q42021 година, врз основа на ригорозна анализа на кориснички-иницирани тестови на Speedtest® “, изјави Даг Сатлс, извршен директор на Ookla®.

За потсетување, А1 Македонија минатата година го доби истиот примат за најбрза мобилна мрежа на територијата на целата земја, од страна на Агенцијата за Електронски Комуникации (АЕК) каде во  Националниот Извештај за 2020 година беше потврдено дека за преземање на фајл со големина од 10GB, А1 Македонија обезбедува брзина на пренос на податоци од 97 Mbps.

“Особено сум горд што добивме уште една потврда за квалитетот на нашата мрежа, која покрај досегашното признание од страна на АЕК доби афирмација и од страна на корисниците. На овој начин ја зацврстивме довербата на нашите корисници кои со А1 Македонија имаат сигурен и квалитетен провајдер на услуги, а истата таа доверба ни е особено важна токму пред новата ера на петтата генерација на технологии која е пред нас. Развојот на мрежата е жива материја и А1 Македонија како компанија никогаш не запира во инвестициите во мрежната инфраструктура, па така кога станува збор и за 5G можам да ги уверам корисниците на А1 дека ќе ја имаат најквалитетната мобилна услуга во земјата.”изјави Методија Мирчев, Извршен директор на А1 Македонија.

Во изминатите неколку години А1 Македонија инвестираше преку 33 милиони евра во модернизација и изградба на нова најмодерна мрежа базирана на LTE технологија, а само во 2021 година направена е инвестиција од над 3 милиони евра насочени кон надградба на базните станици.

*Врз основа на анализи од Ookla® Speedtest Intelligence® информации за Q3–Q4 2021. Ookla заштитниот знак се користи со лиценца и печати со дозвола.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023