29 Март, 2024
0.0242

63 метри висок, станбено деловен објект му се заканува на Берлинскот ѕид

Објавено во: Стил 02 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Еден од најпознатите светски споменици на слободата, покриените со цртежи остатоци од Берлинскиот ѕид по падот во 1989 година кои се потсетник на Студената војна и силата на национално единство што доведе до нејзиниот уривање, денес се загрозени од безмилосниот градежен „бум" што го зафати градот, пишува Гардијан. Насликаниот мурал на поранешниот советски лидер Леонид Брежнев и источногерманскиот комунистички политичар и претседател на ДДР од 1971 година до 1989 година, Ерик Хонекер во страсна прегратка, е една од најголемите атракции на најдолгиот дел од сочуваниот Берлинскиот ѕид „Ист Сајд галери" и втора по посетеност туристичка локација во Берлин, потсетува весникот. Сепак, во забрзаниот процес кадешто старите згради и цели реони се претвори во скапи згради за побогатите претставници на средната класа во Берлин, најважните атракции и важно историски сведоштво наскоро би можеле да биде урната за да се направи патот за луксузните објекти. Според најновите планови, дел од ѕидот ќе се руши за изградба на нов 63 метри висок станбено деловен објект. Противниците на овој план предупредуваат дека 800 илјади туристи годишно доаѓаат во Берлин за да го видат ѕидот. „На ова место, луѓето ги загубија своите животи, а идејата да се изградат луксузни станови е исто како да се направи бензинската пумпа пред некој од музеите во Берлин", вели Саша Диселкамп, раководител на ноќениот клуб „Sage“ и претставник на неколку подобри берлински клубови обединети во борбата против новите градби. На оние делови од ѕидот кој според планот треба да се отстранат со цел новите сопствениците на апартмани да имаат директен пат до реката се наоѓа и добро познатиот шарени цртеж-главата со големи усни дело на францускиот уметник Тиери Ноар. „Овие слики станаа симбол на слободата во Берлин и Европа", вели Ноар. „За разлика од другите делови на градот, каде што ѕидот е во голема мера отстранет, ова локација нуди единствена можност за зачувување на тоа што некогаш беше ѕид на смртта. Ако се отстранат некои делови, тоа ќе ја уништи неговата автентичност", револтирано објаснува уметникот за Гардијан. Градоначалникот на областа Фридрихшајн, Кројцберг Франц Шулц потврди дека делови од ѕидот сепак ќе се рушат. „Инвеститорот има законско право да побара, а ние ќе треба да го почитуваме тоа", изјави Градоначалникот. Сепак, тој тврди дека отстранувањето на дел од ѕидот, исто така ќе овозможи изградба на нови пристапни патишта за велосипедисти и пешаци до мостот Броми кој ќе биде реконструкција на мостот уништен во војната од бомбардирањето, а исто така ќе овозможи уште еден излез за посетителите на паркот во непосредна близина на соседниот парк Спри.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи