47-годишен пациент од Тетово почина, има 23 новозаразени од корона вирусот

Објавено во: Македонија 22 Мај, 2020
Во изминатите 24 часа, се потврдени нови 23 случаи на новиот коронавирус, од кои најмногу се регистрирани во Скопје - 12 случаи во Скопје, по четири нови има во Куманово и во Тетово, два во Прилеп и еден случај во Неготино, информира Министерството за здравство.
Оттаму велат дека денеска во болницата „8-ми Септември“ во Скопје починал 47-годишен пациент од Тетово, кој има и други здравствени заболувања, односно хронии болести. Починал само еден ден откако бил хоспитализиран, по што му бил направен корона тест кој покажал дека е позитивен.
Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести во Скопје, се примени осум нови пациенти, а моментално се хоспитализирани вкупно 56 пациенти. Од нив, потешко болни и на кислородна поддршка се 32 лица, а критично болни и на механичка вентилација се двајца пациенти. Во болницата „8-ми Септември“, се хоспитализирани шест лица во последните 24 часа.
Можеби ќе ве интересира
СКОПЈЕ ГО ПРЕПОЛОВИ БРОЈОТ НА АКТИВНИТЕ СЛУЧАИ - се симна на пет и пол илјади, но сепак има повеќе од сите други општини заедно

Асоцијација на специјализанти и млади лекари- новинарите да истражат во која аптека може да се набави инекција клексан

СДСМ ПРАВИ „ПОПИС“ НА СВОЕТО ЧЛЕНСТВО - дури 1.563 тимови ќе одат по домови да ажурираат

АЛИ АХМЕТИ: Во овие 20 години ни еднаш не се разочарав од ЕУ и САД, бугарското прашање ќе се реши напролет

И МИНИСТЕРКАТА ШЕКЕРИНСКА МУ ПИША НА БАЈДЕН - тој да биде „климатски претседател“

Тие македонски граѓани што ќе го бојкотираат пописот ќе значат помалку попишани Македонци, исто е и со Албанците, вели премиерот

ЗА ЕДЕН ДЕН ОЗДРАВЕА 1.731 ПАЦИЕНТ - има 183 новозаболени и шестмина починати

Никогаш не реков дека друго лице е виновно за случајот Монструм, дециден е премиерот
