ЧУМАТА НА 21 ВЕК: 46.000 жртви на коронавирусот во Европа
Објавено во: Свет, Корона Вирус 05 Април, 2020
Според
податоците од Институтот Роберт Кох, Во Германија до сега има 2.300 заразени
лекари, мецицински сестри и негуватели, а оттаму предупредуваат дека бројот би
можел да е поголем, бидјќи претпоставуваат дека не се
регистрирани сите сличаи.
Во изјава за Зидојче цајтунг и телевизиите НДР и ВДР, Институтот наведува дека овие податоци се однесуваат само на вработените во болниците, но не и во лекарските ординации,амбуланти, лаборатории и домови за стари лица, чиј број во Германија е огромен. Оттука експертите уште еднаш предупредуваат дека можеби недостатокот на медицински кадар во земјата е најголемата мака на здравствениот систем во Германија.
Европа заедно со САД се епицентарот на пандемијата во светот. САД очекуваат голем број починати во текот на наредните две недели, а во Европа веќе има над 46.000 жртви од коронавирусот. Речиси 85 проценти од починатите се во Италија, Шпанија, Франција и во Велика Британија. Овие податоци говорат дека европскиот континент е најтешко погоден од пандемијата на коронавирусот.