Добивај вести на Viber
Европската инвестициска банка (ЕИБ) потпиша во Подгорица четири договори со цел поддршка на локалната економија и олеснување на патот на Црна Гора кон Европската унија (ЕУ).
Банката на Црна Гора одобри кредити од 25 милиони евра за мали и средни претпријатија, 20 милиони евра за одбрана од поплави и превенција, 600 000 евра во рамки на Инвестициската рамка за западен Балкан за реконструкција на водоводот во Цетиње и 3,5 милиони евра за реализација на проектот за пречистување на отпадните води во Плевлја, се наведува во соопштението од ЕИБ.