20 Април, 2024
0.0254

Најмоќната жена на „Гугл“ стана прв човек на „Јаху“

Објавено во: Стил 18 Јули, 2012

Добивај вести на Viber

Мариса Мајер, која медиумите неколку пати ја прогласуваа за најмоќна жена во „Гугл“, стана новиот генерален директор на „Јаху“. Назначувањето на триесет и седумгодишната Мајер е изненадување за сите во овој бизнис, бидејќи се очекуваше дека „Јаху“ ќе го предложи за прв човек Рос Левинсон, кој неколку месеци беше вршител на должност генерален директор. Претходниот директор Скот Томсон ја напушти оваа функција поради скандал поврзан со неговата биографија, односно дека нема соодветен научен степен за компјутерски технологии. Мајер беше еден од првите и долгогодишни службеници на „Гугл“, каде што работеше 13 години. Беше првата жена-систем администратор во интернет пребарувачот, придонесувајќи многу за развојот на услугите кои тој ги нуди. Во последните години ја раководеше картографската служба на „Гугл“. Мајер беше правата жена инженер која „Гугл“ ја вработи во 1999 година, а повеќе години работеше на чело на „Гугл- срч“ развојниот тим. Нејзината комуникативност и убавиот изглед ја направија неслужбен гласноговорник на „Гугл“. За време нејзиното тринаесетгодишно работење во компанијата, таа била и инженер, дизајнер, менаџер на производи. Мајер дипломирала компјутерски науки на Универзитетот Стенфорд. Во 2009 година, Илиноис институтот за технологија и' додели титула доктор на науки на полето за пребарување. Пред да се приклучи на „Гугл“, работела во УБС истражувачка лабораторија во Цирих и Шри Интернационал во Менло Парк, Калифорнија. Американското списание „Форчен“ неколку години ја вбројуваше меѓу 50-те најмоќни жени во бизнисот во 2008, 2009, 2010 и 2011 година. Што овој потег значи за „Гугл“, а што за „Јаху“, ќе покаже времето. Аналитичарите веќе почнаа да се прашуваат дали се работи за тајна подготовка на терен за спојување на „Гугл“ и на „Јаху“, што е тешко воопшто во овој момент да се замисли, но не се исклучува како можност. Инаку, истиот ден кога го објави своето ново вработување, Мајер откри дека таа и нејзиниот сопруг Захариј Богу очекуваат дете, кое треба да се роди во октомври годинава

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган