16 Април, 2024
0.1661

3.000 земјоделци веќе поднеле барањe за субвенции за 2019 година

Објавено во: Агробизнис 27 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството ги потсетува земјоделците корисници на земјоделски субвенции дека рокот за аплицирање за користење на финансиска поддршка во земјоделството е отпочнат. До денеска, во системот за е- барање се пријавиле околу 3.000 земјоделски стопанства.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги информира корисниците на финансиската поддршка, по пополнување на барањата да ги проверат податоците, онаму каде имаат одредени отстапувања потребно е во рок од 30 дена да извршат корекции. Рокот за поднесување на барања е до 30-ти мај 2019 година.

Ги  потсетуваме земјоделците дека во овој период ќе се поднесуваат единствените  барања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019- та година, односно за директни плаќања за растително производство и тоа за површини со поледелски и градинарски култури, лозови и овошни насади како и за сточарско производство и тоа за одгледување на говеда, овци, кози, пчели, свињи, и за заклани животни во кланица.Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, тековно, соглсно Прогрмата за финансиска поддршка во земјоделството, како и согласно календарот и во наредниот период ќе продолжи со исплата на субвенциите на сите земјоделци кои ги исполнуваат условите за добивање на средства од оваа програма.

 Ги информираме земјоделците дека во наредниот период ќе следат исплатите за „директни плаќања за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко, директни плаќања за регистрирано презимено пчелно семејство, директни плаќања за производство на домашен сертифициран семенски материјал од прва и втора генерација за житни, индустриски, градинарски култури и компир, директни плаќања за одгледани и заклани гоеници во регистрирани кланични капацитети, а ќе следат и исплатите за сите дополнителни мерки како што се мерката селекција за производство на пчелни матици, дополнителни директни плаќања од подмерка  за уматичено грло маторица, дополнителни директни плаќања од подмерка  за задржано женско јагне,женско јаре, дополнително плажање за основни стада за производство на говедско месо, за откупена пченица од родот 2018- та година од домашно производство, дополнителни директни плаќања од подмерка  за обработлива земјоделска површина со сончоглед, ориз и афион, дополнителни директни плаќања  за овошни култури предадени во преработувачки капацитет.

Праксата за навремена и неселектива исплата на земјоделските субвенции продолжува. Средствата ги исплаќаме тогаш кога на земјоделците им се најпотребни, односно, во време кога се вршат агротехнички мерки за заштита на растенијата а парите на земјоделците им се повеќе од добредојдени. 


Можеби ќе ве интересира

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

ПОВЕЌЕ ПИПЕРКИ, А ПОМАЛКУ ДОМАТИ НА МАКЕДОНСКИТЕ НИВИ: Зошто земјоделците ги намалуваат дел од културите?

ПОВЕЌЕ ПИПЕРКИ, А ПОМАЛКУ ДОМАТИ НА МАКЕДОНСКИТЕ НИВИ: Зошто земјоделците ги намалуваат дел од културите?