28 Март, 2024
0.0272

11-те најсигурни држави за странски работници

Објавено во: Македонија 01 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Личната безбедност и сигурност се меѓу најважните аспекти кога донесуваме одлука да патуваме во странство. Уште повеќе, пак, ако одиме да работиме во странска држава.

Во истражување на InterNations, најголемата мрежа во светот на луѓето кои работат зад граница, се истражени мислењата на 14 300 луѓе од 174 националности кои живеат во 191 држави и територии.

На листата се рангирани 43 различни критериуми кои се однесуваат на безбедноста во земјите каде што тие работат.

Излегува дека најбезбедните земји за странски работници се во Европа, Азија и Блискиот Исток.

Големи држави како САД, Велика Британија или Русија, не спаѓаат врвот на листата.

Погледнете кои се 11-те најдобри сигурни земји:

11. Оман

Тука трошоците за живот не се високи, а безбедноста е. Нивото на криминалот е исклучително ниско.

10. Тајван

Азиската држава се позицира на висока позиција до задоволство од работата, можностите за развој на кариерата и меѓу најбезбедните места на планетата.

9. Финска

7 од 10-мина странци кои работат таму велат дека ја сметаат земјата за безбедна и го зеле во предвид кога го проценуваат преселувањето.

8. Нов Зеланд

Според вработените странци оваа земја е една од најбезбедните во светот.

7. Норвешка

Таа е доста популарна за работа на странци и повеќето од странските експерти тука се преселуваат дури со своите семејства и вреднуваат високо безбедноста.

6. Швајцарија

Една од најбогатите европски држави има ниски нивоа на криминал и според вработените странски државјани тука се живее мирно.

5. Малта

Локалното население е околу 400 000 луѓе, но Малта е најпосакувана од странците поради топлото време, достапните можности за воспоставување и високата лична безбедност.

4. Канада

Канада исто така е меѓу земјите, домаќин на многу странци, а тие, од своја страна, ја сметаат за безбедна држава.

3. Јапонија

Јапонија исто така може да се пофали со многу странски специјалисти, и меѓу предностите за нив е токму доброто ниво на нивната безбедност.

2. Сингапур

Една од најбогатите земји во светот, но истовремено со ниско ниво на криминал и корпоративни злосторства.

1. Луксембург

Во малата европска земја живеат под половина милион луѓе, но тука се сместени како европски институции, така и многу финансиски институции. Затоа има и многу странци кои работат таму. А нивото на криминалот во Луксембург е едно од најниските во светот.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење