02 Јули, 2022
0.0223

100.000 ВОЈНИЦИ ВО БЛИЗИНА НА РУСКАТА ГРАНИЦА ВО ГОТОВНОСТ: Дали НАТО влегува во војна, еве што вели Столтенберг

Објавено во: Свет 24 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг денеска рече дека НАТО нема да испрати свои војници во Украина бидејќи сака да избегне војна со Русија. Изјавата ја даде на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, и по тој повод потсети дека од избувнувањето на војната во Украина, НАТО значително ја зајакна својата поддршка за таа земја за да го задржи правото на самоодбрана, пренесува „ТАСС“.

„Главната одговорност на НАТО е да ги заштити сите свои сојузници и да направи се за да спречи ескалација на оваа војна. Не сакаме да предизвикаме конфликт, туку да го спречиме и да го зачуваме мирот“, рече Столтенберг.

Тој исто така рече дека од 2014 година земјите-членки на НАТО веќе потрошиле десетици милијарди долари за обука и опремување на украинската армија. Тој додаде дека земјите-членки на Алијансата почнале да ја зајакнуваат сопствената безбедност таа година и дека околу 40.000 војници кои се во близина на границата со Русија во моментов се под команда на НАТО.

„Инвестирани се значителни средства во авијацијата и морнарицата. Уште 100.000 војници се во готовност во близина на руската граница“, рече Столтенберг.

На крајот, тој рече дека НАТО сите тие подготовки ги смета за „мерки на одвраќање“ со цел да се елиминира секоја можност за недоразбирање или лоша проценка во Москва.

ФОТО: EPA/GIAN EHRENZELLER

Можеби ќе ве интересира

Google ќе ги штити жените што ќе направат абортус во САД

Google ќе ги штити жените што ќе направат абортус во САД

Во нападот во Одеса загина и 12 годишно дете

Во нападот во Одеса загина и 12 годишно дете

Зеленски бара Украина да не чека со години за влез во ЕУ, туку патот да го поминат побрзо

Зеленски бара Украина да не чека со години за влез во ЕУ, туку патот да го поминат побрзо

ПОНТОНСКИ МОСТ НА РЕКАТА СЕВЕРСКИ ДОЊЕЦ: Како руските единици наеднаш го опколија Лисичанск, Украинците со огромни загуби

ПОНТОНСКИ МОСТ НА РЕКАТА СЕВЕРСКИ ДОЊЕЦ: Како руските единици наеднаш го опколија Лисичанск, Украинците со огромни загуби

Би-Би-Си: Патот по кој Русија го изнесува украденото жито од Украина

Би-Би-Си: Патот по кој Русија го изнесува украденото жито од Украина

НИШТО УШТЕ НЕ Е РЕШЕНО - Ердоган повторно им се заканува на Шведска и Финска околу членството во НАТО, вели: Прво да ги исполнат обврските

НИШТО УШТЕ НЕ Е РЕШЕНО - Ердоган повторно им се заканува на Шведска и Финска околу членството во НАТО, вели: Прво да ги исполнат обврските

КАКВА ПОРАКА МУ ПРАТИЛ ПУТИН НА ЗЕЛЕНСКИ - посредникот Видодо не ја открива содржината

КАКВА ПОРАКА МУ ПРАТИЛ ПУТИН НА ЗЕЛЕНСКИ - посредникот Видодо не ја открива содржината

Си Џинпинг го брани владеењето во Хонг Конг, една земја два системи

Си Џинпинг го брани владеењето во Хонг Конг, една земја два системи

Гранатирани зграда и рекреативен центар во Одеса, Украина, загинаа 17 лица

Гранатирани зграда и рекреативен центар во Одеса, Украина, загинаа 17 лица