10 ГОДИНИ БИЛА НАСТАВНИЧКА, А ПОТОА ДАЛА ОТКАЗ: Сега само таа е „тешка“ 8 милијарди долари
Објавено во: Финансии 22 Јуни, 2019
Кинескињата Жонг Хуиџуан (58) дала отказ во средно школо каде предавала хемија скоро десет години и се свртела кон фармацевската кариера.
Тоа се покажало како добра одлука бидејќи нејзиното богатство денес се проценува на осум милијарди долари.
Нејзината компанија „Хансон фармасеутикал“ , која се занимава со производство на психоактивни лекови, во петокот излезе на хонгконгшката берза, а се проценува на 10,4 милијарди долари во пазарна вредност.
Како сопственичка на дел од 68 отсто, Жонг би можела да биде „тешка“ околу 8 милијарди долари.
Сепак, Жонг не е најбогатиот член на своето семејство. Богатството на нејзиниот сопруг Сун Пиаојанг се проценува на 9,3 милијарди долари, благодарение на успехот на компанијата „Џиангсу Хенгруи медисин“, која се занимава со производство на лекови против тумор.
Жонг и Сун би можеле да станат најбогато семејство на светот во фармацевтската индустрија, а Жонг трета најбогата Кинескиња. Јапан тајмс пренесува дека станала најбогата Азиска дама која сама го стекнала своето богатство.
Инаку, Жонг дипломирала хемија во 1982 година а се до почетокот на 90-тите години предавала во средно школо. Својата фирма ја основала во 1995 година. Се занимава со истражување и производство на лекови против рак, а минатата година забележале 1,1 милијарда долари во приходи и 280 милиони долари во добивка.