09 Октомври, 2024
0.0250

ЗНАЧИТЕЛЕН ПАД НА ПРОМЕТОТ ВО ИНДУСТРИЈАТА - особено на странските пазари

Објавено во: Економија 13 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Драстичен пад на прометот во индустриското производство регистрираше Државниот завод за статистика. 

Според најновите податоци, во јули оваа година, споредено со јули 2023 година, има намалување за високи 13,5 проценти. 

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во јули 2024 година, во однос на јули 2023 година, изнесува 86.5 - се наведува во соопштението на ДЗС. 

Од таму додаваат дека според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во јули 2024 година, во однос на јули 2023 година, бележи опаѓање кај Капитални производи за 35,4 проценти и Tрајни производи за широка потрошувачка за 1,6 отсто, додека пораст бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,4 отсто.

Пад има и на месечно ниво. Како што информираат од ДЗС, индексот на прометот во индустријата, во јули 2024 година, во однос на јуни 2024 година, изнесува 98. Ова значи дека на месечно ниво има пад од два проценти, додека пак за првите седум месеци од годината падот достигнува 13,3 проценти. 

Податоците покажуваат дека поголем е падот кај прометот на странските пазари. 

Имено, статистичарите соопштуваат дека индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во јули 2024 година, во однос на јули 2023 година, изнесува 99,1.

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во јули 2024 година, во однос на јули 2023 година, изнесува 82.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии во Будимпешта потпиша договор за задолжување во износ од 500 милиони евра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии во Будимпешта потпиша договор за задолжување во износ од 500 милиони евра

ПОСКАПУВАЊЕ НА НЕДВИЖНИНИ ВО ЕУ: Хрватска е на врвот

ПОСКАПУВАЊЕ НА НЕДВИЖНИНИ ВО ЕУ: Хрватска е на врвот

ГЕРМАНИЈА: Tретина од вработените размислуваат да продолжат да работат откако ќе ги исполнат законските услови за пензионирање

ГЕРМАНИЈА: Tретина од вработените размислуваат да продолжат да работат откако ќе ги исполнат законските услови за пензионирање

КУБА САКА ДА ВЛЕЗЕ ВО БРИКС: Mу пишале на Путин

КУБА САКА ДА ВЛЕЗЕ ВО БРИКС: Mу пишале на Путин

ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА: Потпишан Договорот за заем од 500 милиони евра со унгарската Експорт – импорт банка, обезбедена ликвидност на Буџетот

ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА: Потпишан Договорот за заем од 500 милиони евра со унгарската Експорт – импорт банка, обезбедена ликвидност на Буџетот

ШПАР ПРЕТСТАВИ ЛОГИСТИЧКИ ЦЕНТАР ВРЕДЕН 110 МИЛИОНИ ЕВРА - нова голема инвестиција во Хрватска

ШПАР ПРЕТСТАВИ ЛОГИСТИЧКИ ЦЕНТАР ВРЕДЕН 110 МИЛИОНИ ЕВРА - нова голема инвестиција во Хрватска

КИНА ВОЗВРАЌА НА „ТАРИФНИОТ УДАР“ НА ЕУ: Пекинг планира да ги зголеми царините за европските жестоки пијалоци

КИНА ВОЗВРАЌА НА „ТАРИФНИОТ УДАР“ НА ЕУ: Пекинг планира да ги зголеми царините за европските жестоки пијалоци

Министерот Дурмиши признава: Лебот, млекото и маслото за јадење не поевтинија

Министерот Дурмиши признава: Лебот, млекото и маслото за јадење не поевтинија

Што покажува трговската размена со светот и каде се загуби извоз вреден 313 милиони евра?

Што покажува трговската размена со светот и каде се загуби извоз вреден 313 милиони евра?