25 Април, 2024
0.0273

СВЕТ: Силувач којшто искористил девојче преправајќи се дека е дух, осуден на 26 години затвор

Објавено во: Свет 20 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Силувач којшто манипулирал со девојче, преправајќи се дека е дух, за тоа девојче да има сексуален однос со него, е затворен и осуден на 26 години затвор.

„Лиам Кларк знаеше дека таа е преплашена од зли духови и го искористи тоа за да ја искористи неа“, соопштија од  Крунскиот суд во Ексетер.

Кларк (35) од Кродон, Девон, е осуден за четири силувања, три напади со пенетрација, сексуална активност со дете и осум точки за непристојност или непристоен напад.

Судијата Дејвид Еванс на судењето рече: „Вашето однесување низ годините беше монструозно".

Судот слушнал како жртвата на Кларк била скаменета од окултното после лошото искуство за време на игра на табла на Уија.

Тој правел звуци во текот на ноќта, што го преплашило 15-годишното девојче и Девон почнал да и праќа белешки под вратата, тврдејќи дека се од духот.

Претставувајќи се дека е дух, тој потоа ѝ се заканувал на тинејџерката и ѝ рекол дека единствениот начин да се ослободи од демонот е да има секс со него.

За време на судењето, судијата Еванс кажа: „Таа рече дека не сака да има секс со тебе, но ти повторно ѝ се закануваше“

„Го искористивте нејзиниот длабок страв од духови ", му се обрати тој на Кларк.

Грозните настани се случиле во периодот помеѓу 1997 и 2016 година во Торки, Кротон и во Хемпшир.

Кларк беше уапсен во јули минатата година, а во март оваа година беше прогласен за виновен.

 Тој, исто така, постојано злоупотребувал две млади девојки во Саутемптон, ставајќи монети во својата долна облека и терајќи ги да да си играат криенка.

Кларк е ставен во регистарот за сексуални престапници и стана предмет на наредба за превенција од сексуални штети. Таа превенција го ограничува неговиот иден контакт со девојчиња.

извор и фото: BBC News

Можеби ќе ве интересира

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница