Кристијан Ниноски го фати крстот во Скопје
Објавено во: Македонија 19 Јануари, 2020
26-годишниот Кристијан Ниноски го извади крстот од водите на Вардар во Скопје.
„Минатата година ми донесе синче, здравје, среќа на мојата фамилија и тоа им го посакувам на сите. Ппосакувам секоја година што поголем број да бидеме и Бог да даде сите да го почувствуваат ова чувство. Икона, библија, крст, ланче добив минатата година како подарок“ - кажа Ниноски.
По светиот крст скокаа и голем број млади луѓе во внатрешноста на Македонија.