25 Април, 2024
0.0252

Предизвици за поголема ефикасност на арбитражните постапки

КОМПАНИИТЕ ДА ГИ ПРЕПОЗНААТ ПРЕДНОСТИТЕ КОИ ГИ НУДИ АРБИТРАЖАТА И ДА ГО СЛЕДАТ ЧЕКОРОТ СО ТРЕНДОВИТЕ НА СВЕТСКИТЕ КОМПАНИИ

Објавено во: Мои пари 19 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Во присуство на домашни и странски арбитри, претставници од бизнис заедницата, реномирани адвокатски друштва, студентите и пошироката јавност, на 19.4.2018 година започна меѓународната арбитражна конференција “ЗАЈАКНУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА ПОМЕЃУ ДЕЛОВНИТЕ ПАРТНЕРИ ПРЕКУ УНАПРЕДУВАЊЕ НА АРБИТРАЖНОТО РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ- АРБИТРАЖАТА ДЕНЕС: ИНИЦИЈАТИВИ И ПЕРСПЕКТИВИ”, која Постојаниот избран суд - Арбитража при Стопанската комора на Македонија ја организира со поддршка на Централно - европската иницијатива (ЦЕИ).

Конференцијата ја отвори д-р Горан Рафајловски, претседател на Постојаниот избран суд - Арбитража, кој во своето поздравно обраќање посочи дека Конференцијата е една од активностите кои Арбитражата ги презема во насока на поголема промоција на арбитражата како метод за решавање на споровите и се заблагодари на поддршката на Централно-европската иницијатива (ЦЕИ), која ги препозна и поддржи ваквите заложби. Рафајловски  истакна дека арбитражата може да придонесе за враќање на довербата во правосудниот систем во државата. Во таа насока, Арбитражата при Стопанската комора на Македонија располага и со капацитет и потенцијал да администрира и решава и до 10% од вкупниот број на стопански спорови во државата. Ефикасноста, квалитетот и стручноста на арбитрите се едни од карактеристиките на Арбитражата поради кои компаниите може да ја искористат како корисна алатка со која ќе заштедат време и средства при решавањето на споровите - посочи Рафајловски.

Пред присутните се обрати и г-дин Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија кој истакна дека состојбите во системот за решавање на споровите несомнено влијаат и врз економскиот развој на стопанството. Азески порача дека компаниите треба да ги препознаат предностите кои ги нуди арбитражата и да го следат чекорот со трендовите на светските компании, кои се почесто своите спорови ги доверуваат на арбитражните судови. Иако во моментот компаниите во Република Македонија се уште претпочитаат своите спорови да ги решаваат пред државните судови, Азески верува дека оваа состојба може да се промени, но за тоа покрај заложбите на Посотојаниот избран суд - Арбитража при Стопанската комора на Македонија, потребно е активно да се вклучат и сите чинители во процесот, претставниците од адвокатската фела и бизнис секторот за кои од најголем интерес е да ја договараат и применуваат арбитражата при решвањето на нивните спорови и на тој начин да ги скратат трошоците за решавање на споровите - истакна Азески.

Првиот панел на денешната конференција беше посветен на арбитрабилноста, која ги означува границите на примена на арбитражните правила, односно дозволеноста по одредени спорови да постапуваат и одлучуваат арбитражните судови.  Модераторот на првиот панел, проф.д-р Татјана Зороска - Камиловска, потпретседател на Постојаниот избран суд - Арбитража и искусен арбитер во повеќе арбитражни спорови, го отвори првиот панел со поставување на прашањето дали воопшто се потребни границите на арбитрабилноста, односно дали треба да постојат ограничувања во однос на примената на арбитражата за решавање на одредени спорови. Првите панелисти, д-р Валентин Пепељугоски и д-р Ана Пепељугоска, адвокати во Адвокатско друштво „Пепељугоски, во своето излагање ја истакнаа тенденцијата за постојано проширување на границите на арбитрабилноста во однос на споровите од областа на правото на конкуренција (антимонополското право), при што посочија дека премисата дека овие спорови треба да бидат во исклучива надлежност на државните спорови повеќе не е универзално прифатлива. Во таа насока, д-р Пепељугоски презентираше повеќе примери од компаративното право и судската практика. Проф. Четина ди Салво, Libera Università Maria Ss. Assunta Rome ги презентираше актуелните случувања во италијанското законодавство кои се преземаат во насока на проширување на границите на арбитрабилноста, вклучувајќи ги измените од 2014 година кои дозволуваат странките да ги пренесат споровите кои се поведени пред редовните судови во надлежност на арбитражните судови. Ова се однесува и на второстепената постапка, со што се дозволува можноста доколку странките се согласат, првостепената судска одлука да биде преиспитана од страна на арбитрите на кои им е доверен спорот. На оваа тема говореше и проф. Тони Кол, University of Leicester & Counsel Gentium Law Switzerland кој во своето обраќање се осврна на прашањето дали се уште треба да постојат граници на арбитрабилноста и што би било основата за нивното постоење.

Вториот панел беше посветен на практичните прашања поврзани со арбитражното решавање на споровите, при што панелот го модерираше проф.д-р Тони Дескоски од Правниот факултет „Јустинијан Први“ од Скопје. Панелистите се осврнаа на некои од практичните прашања поврзани со арбитражното решавање на споровите. Проф. д-р Алеш Галиќ од Правниот факултет при Универзитетот во Љубљана, говореше за можноста за проширување на арбитражната спогодба на трети лица кои не се нејзини потписници и која е практиката на арбитражните судови во таа насока. Пјотр Новачук, од Nowaczyk Law Office од Полска,  се осврна на имунитетот на арбитрите и дали тој претставува стварност или фикција, имајќи предвид дека арбитрите постапуваат во спорови од милионска вредност, како и спорови кои го засегаат националниот интерес, поради што може да се соочат со многу критики, несогласувања, па и несакани последици, вклучувајќчи и директна закана по нивниот живот. Проф. д-р Татјана Зороска Камиловска пак говореше за ефикасноста на арбитражните постапки која во последно време е доведена во прашање, при што ги истакна своите гледишта и препораки за зголемување на ефикасноста на арбитражните постапки, со акцент на оние кои се водат пред Постојаниот избран суд Арбитража. Денешните излагања ги заокружи проф.д-р Горан Коевски кој ја презентираше успешната приказна и искуствата на македонските студенти од учеството на меѓународните натпревари по арбитражно право.


Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка