24 Април, 2024
0.0307

Го гледа ли скопскиот обвинител криминалот што МВР го видел во дата -базите на „Таргет груп“?

Објавено во: Економија 21 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

Скопски обвинител четири години го држи предметот во кој МВР, по пријава од Централниот регистар (ЦР), споредувајќи ги базите на податоци на ЦР и на „Таргет груп“ утврдил индиции на криминал опишан во член 251 од Кривичниот закон. Според МВР има индиции дека „Таргет груп“ неовластено навлегувал во системот на Централниот регистар. Од ЦР тврдат дека „Таргет група“, не само што користи нивни податоци спротивно на закон туку и ги препродава па и незаконски како извор на податоците го наведува ЦР. „Фактор“ пред пет дена побара од скопското обвинителство информации за овој предмет. За денеска ОЈО најави одговори на нашите прашања.

Министерството за внатрешни работи утврдило проблем споредувајќи ги базите на податоци на Централниот регистар и на „Таргет груп“. Централниот регистар го пријавил „Таргет груп“ за злоупотреба во МВР. Истрагата на МВР споредувајќи ги базите на податоци на двете конфронтирани страни утврдило дека постојат индиции за криминал опишан во член 251 од Кривичниот законик кој се однесува на неовластено навлегување во компјутерски систем.

Затоа МВР и поднело пријава до скопското јавно обвнителство есента 2016 година. Клучното прашање е дали „Тагрет груп“ легално стекнал податоци со кои располага во своите бази? Или како што тврдат од Централен регистар тие податоци не само што се нелегално стекнати туку потоа „Тагрет груп“ и нелегално ги препродава. Дали „Тагрет груп“ остварува противправна корист со тоа што препродава финансиски и правни податоци кои ги создава Централниот регистар – самостоен државен орган единствен во земјава овластен со закон да создава, менува, дополнува, одржува и чува регистри во финансиски и правни податоци.

Што се случило?

ЦР во август 2016 година го пријавил во МВР „Таргет груп“ за незаконско дејствување со податоци кои ги произведува единствено Централниот регистар. При тоа податоци „Таргет груп“ ги препродавал како свои продукти преку нивната електронска платформа „Бизнис мрежа“. МВР ги споредил базите на податоци на двете конфронтирани страни. Од тоа произлегол предмет со број РО 2047/2016. МВР својата работа ја завршува во есента 2016 година и предметот го проследува до скопското обвинителство. Таму е формиран предмет, а во рамки на постапката биле повикани да дадат искази стручни лица вработени во Централниот регистар.

Од тогаш до сега овластен застапник на ЦР во повеќе наврати се обраќал до ОЈО за информации за прогресот и статусот на предметот што бил отворен. Но одговор не добиле.

„Фактор“ согласно професионалните новинарски стандарди, пред објава на првиот текст, побара одговор и од засегнатата страна „Таргет груп“. Од таму одговорија дека работат согласно со закон. А нивниот одговор интегрално беше објавен во текстот достапен на следнио линк https://faktor.mk/target-grup-i-biznis-mreza-zloupotrebuvaat-podatoci-od-centralen-registar-dobija-krivichna-prijava

И покрај тоа „Тагрет груп“ по објавата на текстот на „Фактор“ што беше превземен од други медиуми пласираше демант во кој паушално и неосновано го обвини „Фактор“ за пласирање невистини. При тоа „Тагрет груп“ ги занемари фактите односно тоа што текстот на „Фактор“ во целост беше заснован на официјални изјави т.е. одговори од овластено лице од Централниот регистар.

„Фактор“ ќе ги објави во целост информациите кои ќе произлезат од одговорите на скопското Основно јавно обвинителство кои ги очекуваме денеска.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?