19 Април, 2024
0.0274

Еуроникел Индустри со строги заштитни мерки за своите 1.000 вработени

Објавено во: Економија 20 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Еурoникел Индустри го продолжи процесот на работа и сите 1.000 вработени се ангажирани. Таа е една од најзначајните компании за македонската економија и оттаму за Фактор велат дека веќе неколку недели преземаат зајакнати заштитни мерки за своите вработени, но и за непречено одвивање на производството. Работниот процес се одржува во вонредни услови. Од менаџментот велат дека се организираат согласно препораките.

„Уште од првиот момент кога на 10 март, Владата ги донесе првите мерки за превенција, преземени се активности и воведени соодветни процедури, со што целокупната работа на компанијата е прилагодена на новите правила на функционирање. Тоа што сме компанија со речиси илјада вработени и имаме комуникација со други подизведувачи и надворешни соработници ни дава уште поголема одговорност како правен субјект да одиме и чекор понапред во имплементација на сите мерки и насоки од Владата и од Министерството за здравство”, велат од Еуроникел Индустри.

Оттаму велат дека сите состаноци и посети од надворешни лица се откажани, а комуникацијата се одвива по електронски пат. Слична била и комуникацијата со вработените, односно издавањето одредени документи и потврди за кои вработените имале потреба може да се добијат електронски. Посебна организација има и при исхрана на вработените односно е направен распоред на мали групи со оддалеченост од најмалку два метри на секој вработен. Од Еуроникел Индустри велат и дека се поставени  дезинфециенси за раце и дека такви има во сите сектори, простории, оддели, ходници, канцеларии.

Компанијата е особенo значајна за домашната индустрија и има голем придонес за македонската економија.

„Се врши дезинфекција на автобусите со кои доаѓаат вработените пред и по секоја смена, маските се задолжителни, а зголемено е и растојанието за седење. Доставата на сите документи се одвива на самите портирници и влезно-излезни пунктови, каде документите се примаат шалтерски, со заштитни ракавици и маски, сé со цел да нема директен контакт. Компанијата дури спроведе анкета на вработените, за нивна евентуална изложеност. Сите мерки за безбедност во кругот на фабриката се максимално запазени, велат од Еуроникел Индустри.

Според нив, досега успешно обезбедувале средства за дезинфекција, но апелираат тие да им бидат достапни на граѓаните и на фирмите во секое време.

A.T.

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите