23 Април, 2024
0.0256

До 100 отсто финансирање на вашиот нов дом со УНИБанка

Објавено во: Мои пари 14 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

УНИБанка АД Скопје, следејќи ги потребите и барањата на своите клиенти, креираше понуда за нов поволен станбен кредит кој дава можност и за финансирање до 100% од вредноста на понудениот недвижен имот како обезбедување.

Продуктот е наменет за клиенти кои за прв пат го решаваат станбеното прашање, сакаат да купат поголем стан или куќа, но и за сите оние кои веќе имаат станбени кредити во други банки и сакаат да извршат рефинансирање. Посебна предност кај овој продукт е што клиентот добива можност и за ризико животно осигурување, што претставува заштита за самиот клиент, но и за целото негово семејство, со која во случај на непосакуван настан на осигуреното лице, фамилијата не ги наследува кредитните обврски по основ на овој кредит.

Станбениот кредит е со фиксна каматна стапка од 2,95% за првите 10 години и период на отплата до 30 години. Овие карактеристики на клиентот му овозможуваат сигурност во планирањето на месечниот буџет, односно ануитет непроменлив за подолг временски период, кој зафаќа помал дел од месечните примања. Дополнителни предности кои ги нуди банката се кредитна картичка со одобрен лимит до 60.000 денари,  како и пакет услуги кој овозможува нов и современ начин на живеење.

“Постојано работиме на збогатување на палетата од кредитни продукти и услуги, а со посебно внимание ги следиме и ги приспособуваме постојните продукти тргнувајќи од моменталната побарувачка и финансиските можности на граѓаните. Сега, со можност и за финансирање до 100% сметаме дека уште повеќе ќе го доближиме овој продукт до нашите клиенти”, изјави Катица Кузманоска, директор на Дирекцијата Банкарство на население во УНИБанка.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!

IQOS караванот пристигна во Струга

IQOS караванот пристигна во Струга

МАРТИН И ДАРКО ШАМПИОНИ ПО ДОБИВКИ НА 2win.мк ЗА ИЗМИНАТАТА НЕДЕЛА

МАРТИН И ДАРКО ШАМПИОНИ ПО ДОБИВКИ НА 2win.мк ЗА ИЗМИНАТАТА НЕДЕЛА