09 Октомври, 2024
0.0319

„АКО САКАМЕ ИСТИ ПРАВИЛА, ТРЕБА ДА УЖИВАМЕ ИСТИ ПРИДОБИВКИ“: Бугарија, Грција и Романија ќе бараат исплата на компензација од ЕУ за повисоките цени на струјата

Објавено во: Економија 13 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Романија најави дека заедно со Бугарија и Грција ќе побараат од Советот на ЕУ исплата на компензација поради „многу повисоките цени“ на електричната енергијата во регионот на Југоисточна Европа во споредба со оние во земјите од Западна Европа. 

Според романскиот министер за енергетика Себастијан Бурдуја, цените на струјата во регионот веќе неколку месеци се значително повисоки отколку во Западна Европа, што се должи на неколку фактори, меѓу кои и сушната година, намаленото производство на електрична енергија од хидроцентралите и проблемите со интерконекцијата. 

- Обезбедуваме и значајна поддршка за Молдавија и Украина, што прави дополнителен притисок врз цените на енергијата во Романија. Тоа не може да продолжи бесконечно, истакна Бурдуја.  

Тој потенцира дека ако Романија е дел од единствен европски енергетски пазар, не може едноставно да толерира цени кои се два или три пати повисоки отколку оние во остатокот од Европа. 

- Ако сакаме исти правила, мора да уживаме и исти придобивки. Во спротивно, некои ќе ги добијат сите придобивки, додека други ќе остане да ги покриваат трошоците. Затоа ќе го покренам прашањето пред Советот на министри на ЕУ, додаде Бурдуја. 

Како што јави дописникот на МИА од Брисек, неговата најавата следи откако на почетокот на неделава грчкиот министер за енергетика Теодорос Скилакакис информира дека Грција, Романија и Бугарија „ги здружиле силите“ за да се справат со зголемените цени на електричната енергија во Југоисточна Европа. 

Скилакакис во понеделникот оцени дека единствениот пазар на електрична енергија на ЕУ не функционира во југоисточна Европа. 

- Ќе работиме со Романија и Бугарија за да се најде трајно решение за зголемените цени на електричната енергија во регионот, изјави Скилакакис, додавајќи дека се очекува за ова прашање грчкиот премиер Киријакос Мицотакис да испрати и писмо до Европската комисија.

Скилакакис најави дека заедно со неговите колеги од Бугарија и Романија ќе создадат „траен механизам за интервенција секогаш кога ќе се забележат екстремни цени поради отсекувањето на југоисточна Европа од остатокот од европскиот енергетски пазар“. 

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) вчера соопштија дека ја информирале Европската енергетска заедница (ЕЕЗ) дека во дел од земјите на Југоисточна Европа се регистрираат „нетипично високи цени на пазарот на електрична енергија“. 

Во официјално писмо упатено до директорот на ЕЕЗ, Артур Лорковски двете македонски институции бараат да се мобилизира екипа која ќе направи детална анализа и ќе ги скенира причините поради кои постои голема нерамнотежа на цената на струја од земја до земја.  

- Почнувајќи од крајот на јуни 2024 година, а особено во јули и август, цените на електричната енергија во регионот на Југоисточна Европа се значително повисоки од цените во останатиот дел од Европа. Просечните цени на пазарите ден однапред во јули 2024 година се движат од околу 159 евра за мегават час во Албанија, додека во Франција се околу 46 евра за мегават час. Најзабележливи ценовни отстапувања во овој период се регистрирани во Албанија и Романија, како и во други земји од регионот, се вели во дописот испратен до ЕЕЗ.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии во Будимпешта потпиша договор за задолжување во износ од 500 милиони евра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии во Будимпешта потпиша договор за задолжување во износ од 500 милиони евра

ПОСКАПУВАЊЕ НА НЕДВИЖНИНИ ВО ЕУ: Хрватска е на врвот

ПОСКАПУВАЊЕ НА НЕДВИЖНИНИ ВО ЕУ: Хрватска е на врвот

ГЕРМАНИЈА: Tретина од вработените размислуваат да продолжат да работат откако ќе ги исполнат законските услови за пензионирање

ГЕРМАНИЈА: Tретина од вработените размислуваат да продолжат да работат откако ќе ги исполнат законските услови за пензионирање

КУБА САКА ДА ВЛЕЗЕ ВО БРИКС: Mу пишале на Путин

КУБА САКА ДА ВЛЕЗЕ ВО БРИКС: Mу пишале на Путин

ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА: Потпишан Договорот за заем од 500 милиони евра со унгарската Експорт – импорт банка, обезбедена ликвидност на Буџетот

ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА: Потпишан Договорот за заем од 500 милиони евра со унгарската Експорт – импорт банка, обезбедена ликвидност на Буџетот

ШПАР ПРЕТСТАВИ ЛОГИСТИЧКИ ЦЕНТАР ВРЕДЕН 110 МИЛИОНИ ЕВРА - нова голема инвестиција во Хрватска

ШПАР ПРЕТСТАВИ ЛОГИСТИЧКИ ЦЕНТАР ВРЕДЕН 110 МИЛИОНИ ЕВРА - нова голема инвестиција во Хрватска

КИНА ВОЗВРАЌА НА „ТАРИФНИОТ УДАР“ НА ЕУ: Пекинг планира да ги зголеми царините за европските жестоки пијалоци

КИНА ВОЗВРАЌА НА „ТАРИФНИОТ УДАР“ НА ЕУ: Пекинг планира да ги зголеми царините за европските жестоки пијалоци

Министерот Дурмиши признава: Лебот, млекото и маслото за јадење не поевтинија

Министерот Дурмиши признава: Лебот, млекото и маслото за јадење не поевтинија

Што покажува трговската размена со светот и каде се загуби извоз вреден 313 милиони евра?

Што покажува трговската размена со светот и каде се загуби извоз вреден 313 милиони евра?