20 Април, 2024
0.0264

Зошто загубарот „Уготур“ плати 83.000 евра за акции во „Технометал Вардар“?

Објавено во: Економија 24 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

„Уготур“ работи со загуба во 2015 и во 2014 година, а има непокриена загуба од речиси 500.000 евра. Зошто компанија во ваква состојба дава над 83.000 евра за да купи акции?

Скопската угостителска компанија „Уготур“ ги купи акциите во „Технометал Вардар“ од скопскиот адвокат Јован Јоанидис кој воедно е и претстедател на Надзорниот одбор на една од најпознатите македонси трговски компании, дознава „Фактор“.

Според официјалните берзански податоци новиот сопственик на акциите плати над 83.000 евра за да ги купи тие акции кои се 23,2 отсто од сите акции со право на глас во „Технометал Вардар“ и сега е втор по големина акционер во таа компанија.
„Уготур“ е компанија која е специјализирана за ресторански услуги и подготовка и послужува на храна и со таа дејност се занимава долги години наназад. Компанијата всушност е произлезена од поранешната менза на металуршкиот комплекс „Рудници и железарница“ Скопје и ги опслужувала со храна многубројните вработени на овој бивш скопски гигант. 

Според официјалните податоци за 2015 и за 2014 година „Уготур“ работел со загуба и тоа во вкупен износ од 7,3 милиони денари од кои 4,17 милиони денари е загуба остварена во 2015 година, а 3,12 милиони денари е загуба остварена во 2014 година. 

Според податоците од независниот ревизорски извештај о 2015 година целиот приход од продажба на „Уготур“ изнесувал вкупно 22 милиони денари односно околу 356.000 евра. Освен тоа во истиот извештај е наведено дека акционерскиот капитал на компанијата е 56 милиони денари, а непокриената загуба изнесува над 30 милиони денари. 

Од тука се поставува прашањето зошто во вакви услови на работење компанијата се одлучила да купува акции во друга фирма на која, рака на срце, во последниве години и не цвета бизнисот како што и сам напишал менаџментот во последниот достапен и објавен годишен извештај на „Технометал Вардар“.

За таа цел „Фактор.мк“, а во интерес на целосно и објективно информирање на јавноста и на повеќе од 5.600 мали акционери – домашни физички лица испрати прашања до Бојана Анѓелеска извршен директор на „Уготур“ во кои бараме објаснување за оваа деловна одлука во услови кога „Уготур“ плаќа износ што е 23 отсто од сите приходи на компанијата остварени во 2015 година и тоа за купивање акции во „Тенометал Вардар“. Доколку добиеме одговори на прашањата ќе ги објавиме во целост.

„Уготур“ лани беше актуелен и по тоа што „Фершпед Брокер“ ги купи акциите во „Уготур“ од фирмата мајка „Фершпед“. При тоа Фершпед брокер“ „ничим изазван“ купи од фирмата мајка „Фершпед“ 24,4 отсто акции во угостителска фирма Уготур, која две години наназад работи со загуба, а ги плати акциите четири пати поскапо од нивната книговодствена вредност. 

При тоа „Фершпед брокер“ плати 101 денар за акција што на 12 јануари годинава некој ја продал за 7 денари за акција (количеството е 500 акции, а трансакцијата е 3.997 денари). Во голема мерка парите што „Фершпед Брокер“ ги обезбеди за купување акции во „Уготур“ беа од продажбата на своите акции во „Македонската берза за хартии од вредност и од Централниот депозитар за хартии од вредност. Повеќе на темата може да прочитате на следниот линк Легален циркус: Фершпед му ги утрапи акциите во Уготур на „Фершпед брокер“ и му го собра кешот од продажбата на акциите во Берзата и во ЦДХВ

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите