28 Март, 2024
0.0340

Зошто во животот толку доцна се сетиме да живееме?

Објавено во: Стил 29 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Доцна се сетиме да живееме затоа што половина живот затвораме очи пред фактите мислејќи дека овој живот ќе трае вечно, дека имаме време во изобилство, и дека времето всушност и не поминува. Тоа се случувало затоа што воглавно сме биле насочени на она негативното, на она што не ни се допаѓа и она што го немаме. Затоа ни се чини дека времето застанало и дека можеме малку да се исклучиме, да можеме да се откажеме од потрагата на срцето, потрагата за она убавото, она што го чуствуваме.

Доцна се сетиме да живееме затоа што половина живот го поминеме во караници и препирки кој е во право, а кој е виновен. Половина живот го проживееме докажувајќи им на другите дека нивниот пат е погрешен и барајќи од нив да се угледаат на нас, да живеат како нас. Доцна се сетиме да живееме бидејќи животот толку го закомплициравме, толку го замрсивме да се прашуваме што е важно во него, зошто го правиме тоа што го правиме, и која е всушност смислата на сето тоа.

Доцна се сетиме да живееме зошто некогаш потрошиме толку енергија за работи кои не се вредни, толку време на луѓе кои само свртат грб и си заминат, толку сила за битки кои всушност и не се наши. И кога тргнеме да размислуваме што останало од нашиот живот гледаме дека тоа понекогаш се само урнатини до урантини од кои не можеме да постигнеме ништо големо, бидјеќи веќе сме изморени и истрошени, бидејќи е пет до 12, бидејќи се веќе се знае.

Доцна се сетиме да живееме бидејќи дозволуваме со нас да управуваат други луѓе а уште повеќе да со нас управува нашето минато кое на крај ни ја изеде сегашноста. Доцна се сетиме да живееме бидејќи дозволуваме, увреденоста, лутината, разочарувањето и другите негативни чуства, не само да поминат низ нас, туку тука да се вгнездат и продолжат да живеат, а кога погледнеме назад сфатиме дека можеби е доцна за се. Но и додека е еден нов ден пред нас-чуда уште може да се случат. Треба само да веруваме во нив и да почнеме од почеток.

Инспиративна приказна

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи