29 Март, 2024
0.0252

Зошто Косово не сака Србија да се вклучи во истрагата за убиството на Ивановиќ?

Објавено во: Балкан 18 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Косовскиот министер за правда, Абделјад Тахири, денеска изјави дека Косово нема да дозволи Србија да биде вклучена во истрагата за смртта на претседателот на Граѓанската иницијатива на СДП, Оливер Ивановиќ. 

Посочи дека за истрагата се надлежни Обвинителството и полицијата на Косово.

Сепак вели дека се подготвени да соработуваат со Србија за тој случај.

„Во никој случај не сакаме мешање во истрагата на  која било друга институција, освен на оние на Република Косово. Ќе примаме информации од Србија што  ќе доведат до апсење, но не и нејзино мешање во истрагата. Тоа ќе го правиме само ние“ - изјави Тахири за онлајн-изданието на „Газета експрес“.

Во заедничката изјава издадена од косовското Министерството за правда и она за внатрешни работи, стои дека убиството на Ивановиќ е неприфатливо, дека не може да се толерира и дека таквите дела бараат итна реакција.

И два дена по атентатот, во кој Ивановиќ со шест куршуми беше ликвидиран во  Косовска Митровица, нема трага од извршителите.

Приврзаници, симпатизери и државни функционери дојдоа во Алејата на заслужни граѓани во Белград, да му оддадат последна почит на лидерот на косовското српско малцинство.

Можеби ќе ве интересира

ВЕШТАЧЕН Е ТЕЛЕФОНОТ НА МАЈКАТА НА ДАНКА: На денот на исчезнувањето на девојчето бришела повици и пораки

ВЕШТАЧЕН Е ТЕЛЕФОНОТ НА МАЈКАТА НА ДАНКА: На денот на исчезнувањето на девојчето бришела повици и пораки

УАПСЕНИ ЧЕТВОРИЦА МАЛОЛЕТНИЦИ ВО БИХ- еден ученик донел пиштол во училиште, со другарите планирале грабеж

УАПСЕНИ ЧЕТВОРИЦА МАЛОЛЕТНИЦИ ВО БИХ- еден ученик донел пиштол во училиште, со другарите планирале грабеж

Започна уредувањето на просторат за „италијанскиот“ емигрантски камп во Албанија

Започна уредувањето на просторат за „италијанскиот“ емигрантски камп во Албанија

МАЈКАТА ПРЕД ИСЧЕЗНУВАЊЕТО ЈА СЛИКАЛА ДАНКА ОД ТРИ АГЛИ - Курир дознава дека се прегледани околните тунели и детето го нема

МАЈКАТА ПРЕД ИСЧЕЗНУВАЊЕТО ЈА СЛИКАЛА ДАНКА ОД ТРИ АГЛИ - Курир дознава дека се прегледани околните тунели и детето го нема

ЗОШТО МАЈКАТА НА ДАНКА ИЛИЌ Е ВАЖЕН ДЕЛ ОД ИСТРАГАТА - детали од животот на семејството чија судбина ја потресува Србија

ЗОШТО МАЈКАТА НА ДАНКА ИЛИЌ Е ВАЖЕН ДЕЛ ОД ИСТРАГАТА - детали од животот на семејството чија судбина ја потресува Србија

ЌЕ ОДГОВАРААТ: Уапсените во Босна се шегувале дека знаат каде е Данка Илиќ

ЌЕ ОДГОВАРААТ: Уапсените во Босна се шегувале дека знаат каде е Данка Илиќ

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊАТА ВО БОСНА: Лицата тврделе дека ја чуваат Данка во подрум и барале откуп?

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊАТА ВО БОСНА: Лицата тврделе дека ја чуваат Данка во подрум и барале откуп?

НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица

НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?