Запленета марихуана во стан на Тетовец
Објавено во: Македонија 18 Ноември, 2017
Од стан на осомничениот А.Г(32) од Тетово се запленети четири килограми на марихуана.
Претресот го извршил полициски службеници од СВР Тетово при што дрогата е пронајдена сокриена во различни делови од станот – во пластично буре, стаклена тегла, ќеси, во кујната, ходникот и спалната соба.
Пронајдените предмети, заедно со дрогата биле одземени и предадени на вештачење, а А.Г. бил приведен во СВР Тетово за понатамошна постапка.
По целосно документирање на случајот, против А.Г. ќе биде поднесена соодветна пријава.