19 Април, 2024
0.0306

Замир Мехмети за Сашо Тасевски: Толку од демократскиот капацитет и на в.д. директорот

Објавено во: Македонија 15 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Замир Мехмети, еден од учесниците на Шарената револуција и сегашен член на бордот на Телеком, реагираше на контроверзното гостување на директорот на Драмски театар Сашо Тасевски во емисијата на Васко Ефтов кое беше прекинато во 40-та минута. Мехмети реагира за грешката која ја направил Тасевски, но и тоа што не ги прифатил упатените критики кон него.

„Директорот на Драмски, Сашо Тасевски ме избриша од листа на пријатели само затоа што кометирав кај Ориѓански на статус дека направил голема глупост што гостувал кај Васко. Толку од демократскиот капацитет и на в.д. директорот, влезе во фино друштво бришачи како Бетмен, Ванковска и остала багра. Епа да не останам должен па да кажам уште по експлицитно што мислам за тој настан. 

Да прифатиш да гостуваш во емисија каде од почеток до крај се шири говор на омраза, верска и етничка нетерпеливост, треба да бидеш или многу глуп и припрост или да си ептен жеден да те има во јавност по секоја цена. Згора на тоа бистриш геополитика а си глумец.

На крај се правдаш дека си избегал од емисија затоа што не си сакал да се спуштиш на како што велиш „Пиљарско ниво“ откако веќе си прифатил да гостуваш кај пиљарот. Па уште и Драмски го фрлаш во оган, в.д. директоре со тоа што го користиш како параван зад кој се криеш. Наводно не си бил сам во интервујто, си имал институција за некомпромитирање. Дали тоа значи дека од името на цел Драмски ја тврдиш тезата дека сите влади во Македонија се избрани од Америте? Дали не е помашки да си ја признаеш грешката и сам на свои плеќи да ја износиш тешката ситуација? Дали не е покоректно да сфатиш дека чергата не ти е толку голема колку потребата да бидеш некои си фактор или опинион мејкер? 

Шокиран сум од твоите националистички ставови во 2013-2014, време во кое се случуваше историското етничко приближување во борба против едно големо зло или спојување на знамињата како што милуваат некои да кажат.  

А Министерстерството за култура треба да направи background check пред да назначува типови како тебе со сомнителни ставови за раководители, зашто вака сите ние кои сме се бореле против режимот на грб ги носиме индивидуалните бламирања“, напиша Мехмети на социјалните медиуми.

Можеби ќе ве интересира

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо