16 Април, 2024
0.0239

За борбата и изгубените години во криза Заев нема простор за грешки

Објавено во: Анализа 11 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Пред точно една година на 11 декември 2016 се одржаа последните парламентарни избори со кои земјата влезе во една сосема неочекувана разврска на политичката криза. Од навидум компромисниот процес во Пржино кој донесе повеќе договори за начинот на кој преодно ќе се управува земјата до формирањето на нова влада, со регулација на медиумите, на клучните државни институции и односите меѓу политичките партии, се до неизвесност до последен момент дали Ахмети повторно ќе му го олесни патот на Груевски до тронот. 

Како што се прогнозираше таква коалиција за прв пат не беше склучена и одбивањето на ДУИ да формира влада создаде уште поголема криза што беше следено со игрите меѓу Груевски и претседателот Иванов да не биде доделен мандатот за формирање на Владата на Зоран Заев. Тензиите продолжија со протестите пред ДИК каде се решаваше за голем број на приговори на СДСМ и БЕСА кои се надеваа дека со прегласување на местата каде имало нерегуларности дека ќе добијат мандат плус со што ВМРО-ДПМНЕ нема да биде победник според бројот на освоени пратеници.

Драмите со закани пред ДИК за ноќта на долгите ножеви за среќа тогаш не се реализира и освен Прогласот кој Груевски кратко го прочита целосно навлекувајќи го на себе гневот на меѓународната и дел од домашната јавност не дојде до поголеми и посериозни инциденти. Следните месеци СДСМ заедно со своите коалициони партнери ја спроведуваа стратегијата на мирно преземање на власта без нагли потези и со сите можни гаранции за заштита на уставноста. Кога веќе со месеци беше блокирана конститутивната седница од страна на председавачот Велјаноски конечно на 27 април го демонстрираа своето мнозинство во Собранието и го избраа Талат Џафери за нов спикер. 

Тоа веќе на сите ви е добро познато резултираше со жесток одговор, со упад на маскирани лица, на добро координирани напаѓачи кои за малку убија пратеници и претепаа новинари. Крвавата сага заврши без дополнителни судири на улиците, без прогласување воена состојба и најверојатно се избегна меѓуграѓанска војна која би не однела во неповрат.

Сите овие премрежја му овозможија на Заев да ја добие довербата и да ја води Македонија како нов шеф на владата, прв човек на извршната власт кој има шанси да спроведе клучни реформи за зацврстување на демократијата и воспоставување на механизми за контроли преку јавните сектори, медиумите, независните тела и секако граѓаните за да не се дозволи повеќе ниту еден владетел или власт да ги пречекорат своите лимити. 


Една година од изборите, но само шест месеци со мандат од кои два месеца се потрошени на локални избори. Остатоток од владеењето на Заев е одбележано и со бавни процеси во собранието каде опозицијата е доста бројна и со тоа и доста моќна во блокирање на носењето на предлог законите. Секако, за секоја легислатива е потребна јавна дебата и консултации со опозицијата, но не и вечно блокирање на системот и губење на драгоцено време по речиси тригодишната криза во Македонија и заостанувањето на економски, општествен, културен, политички и меѓународен план.

Новата власт треба да се научи и да владее, но не да ги повторува евтините трикови на претходната власт, да не потпира премногу на маркетиншки и ПР тактики, да не дозволи да се вовлече во вртлогот на ароганција и неслушање на критките, на корупцијата во меѓусебните редови која нема желба да се види и казни, на бавење со грандиозни политички шеми додека секојдневно се изродуваат купишта наталожени општествени проблеми. 

Борбата за смена на еден режим кој се закануваше да прерасне во тоталитаризам со поклопување на медиумите, гушење на јавните сфери и непочитување на критки, на газење на политичките опоненти, на делење на општественото ткиво со прогласување на предавници, на создавање на листи за острел и тотална блокада на меѓународен план не смее да биде заборавена во сласта за практикувањето на власта.

Одоговорноста која Заев ја има и воопшто историската шанса која му е дадена мора да ја искористи, а тие чекори мора да ги следат и сите новоназначени функционери од кои дел покажуваат првични слабости и недостатоци што мора да се надмине и да се оправдаат високите очекување на народот.

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

СКИЈАЊЕТО ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: По две топли зими планинскиот туризам е во сериозна криза

СКИЈАЊЕТО ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: По две топли зими планинскиот туризам е во сериозна криза