28 Март, 2024
0.0233

Вратениот мандат претседателот Иванов има апсолутна слобода дали пак и на кого ќе го додели

Објавено во: Анализа 30 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Во Уставот на Република Македонија претседателот на државата е тој кој по одржаните парламентарни избори најдоцна од 10 дена од конституирање на Собранието го доделува мандатот за формирање на влада. Штом првиот обид на мандатарот Груевски пропадна со непочитување на законскиот рок од 20 дена пропадна вчера на полноќ сега има отворен простор за различни толкувања.

Да потсетиме дека професорот по уставно право Светомир Шкариќ уште во првиот обид кога Иванов му го додели мандатот на Груевски посочи дека го повредил Уставот бидејќи не направил проценка дали навистина може да формира влада, односно дека го нема потребното мнозинство.

„Прет­се­да­те­лот на држа­ва­та тре­ба­ше прво да ут­врди кој мо­же да обез­бе­ди мно­зинство во пар­ла­мен­тот, а по­тоа да го да­де ман­да­тот за фор­ми­ра­ње влада, заш­то во спро­тив­но го крши Уста­вот“, рече тогаш про­фе­со­рот.

Груевски повеќе не е мандатар, но што понатаму е навистина неизвесно бидејќи ќе зависи од самата волја на претседателот Иванов бидејќи тој нема никакви поголеми уставни ограничувања. 

Иванов може мандатот повторно да му го додели на Груевски за тој да се потруди уште еднаш да обезбеди мнозинство во Собранието за формирање влада.

Потоа да го додели на друг мандатар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ како партија со најголем број на пратеници. Неофицијално се споменува дека како функционер кој не е осомничен од СЈО, фаворит за нов премиер е Никола Попоски, но и други кадри од ВМРО-ДПМНЕ кои чекаат од „сенка“.

Иванов може и да сочека да се формира неформално мнозинство во собранието и на нивен претставник да му го додели мандатот со што тоа лицето потоа ќе биде премиер и ќе достави предлог за состав на влада што секако собранието и мора да го изгласа, позитивно или не во зависност од убедувањето на пратениците. 

Според професорот Шкариќ во Уставот нема ограничување во поглед на доделувањето на мандатот и во следен обид може да се формира влада, а да не се оди веднаш на распуштање на Собранието. 

„На­ши­от Устав не пред­ви­ду­ва ре­ше­ние што до­кол­ку не се фор­ми­ра влада. Ако ман­да­тот се да­де на вто­ри­от и ако и тој не ус­пее, то­гаш тре­ба да се оди док­рај, а на кра­јот ефек­тот ќе би­де ист, не­ма да има вла­да“ ве­ли Шка­риќ.

Ова се правните претпоставки, но политичките се далеку покомплицирани, ДУИ треба да донесе одлука што сега, коалиција со ВМРО-ДПМНЕ без Груевски можеби, одлука за обид да се коалицира со СДСМ и уште некој партнер, да остави простор за широка или експертска влада, или пак конечно да допринесе да се распишат сосема нови избори. 

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот