Вратата на ЕУ за Турција останува отворена-Дијалогот ќе продолжи?
Објавено во: Балкан 29 Април, 2017
ЕУ ја остави подотворена вратата за членство на Турција, но рече дека Анкара треба да испрати јасни пораки дали има намера да ги исполни критериумите за пристапување во области како човековите права и владеењето на правото. Ова стана јасно по средбата на министрите за надворешни работи од ЕУ во Малта, која заврши синоќа.
Високиот претставник на Унијата за надворешна политика Федерика Могерини рече дека и покрај изразените сомневања од некои министри за надворешни работи, Унијата е за продолжување на долго одолговлечените преговори за пристапување на Турција, пренесе AP.
Од нив зависи дали ќе го задржат или не интересот да се приклучат на нашето семејство, изјави Могерини.
По темите за заштитата на малцинствата и забраната на смртната казна, таа рече дека "правилата на ЕУ се јасни".
Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, кој исто така зборуваше на маргините од состанокот во Малта, изјави дека и тој доловил "позитивна атмосфера" од водечки европски претставници во однос на преговорите за пристапување на Турција. Според него, дијалогот меѓу двете земји ќе продолжи.