Ворен Бафет има 100 милијарди долари - На што ќе ги потроши?
Објавено во: Финансии 15 Јануари, 2018
Големиот финансиски пророк Ворен Бафет преку неговите инвестициски фондови има на располагање неверојатни 100 милијарди долари за нови инвестиции и преземање на компании во 2018 година, а досега се покажало дека речиси сите негови потези биле крајно исплатливи и ефикасни со неговата уникатна филозофија на откупување на компании.
Тешко е да се прогнозира што ќе направи пророкот бидејќи одлуките ги носи доста студиозно и за некоја компанија да биде преземена од Berkshire Hathaway Inc мора да исполнува неколку основни услови.
Тоа е да има годишен профит од најмалку 50 милиони долари со платени даноци, да има минимален долг, да прикаже солидни финансиски извештаи, да води едноставен бизнис кој не е премногу зависен од технологија и да има воспоставен менаџмент.
Според аналитички куќи кои работат за компании кои ги исполнуваат овие услови на Berkshire Hathaway Inc многу е важно да направат прогноза за тоа што ќе биде следен чекор на Бафет и што тој би купил.
Интересно е што во оваа финансиска игра на претпоставки на листата се ставени компании како Nike, Adidas AG, BlackRock, Henkel AG & Co, SAP SE и Cognizant Technology Solutions Corp. меѓу другите што може да биде и знак дека нивните акции на берзите ќе растат.