„Волкот од Волстрит“ го нарече биткоинот „огромна, гигантска измама“ и предупреди за нешто многу опасно
Објавено во: Економија 16 Декември, 2017
Вистинскиот „Волк од Волстрит“ го наречен Биткоинот „огромна, гигантска измама“ и ги предупреди потенцијалните инвеститори да не ги изгубат своите пари. Џордан Белфорд е убеден дека контроверзната дигитална валута е балон, кој наскоро може да пукне.
Поранешниот берзански посредник, кој стана херој на филмот со Леонардо Ди Каприо пред 2013 година, рече: „Организаторите на сето ова продолжуваат со оваа измама. Можеби 85% од оние кои се занимаваат со тоа, немаат лоши намери, но проблемот е во тоа што другите се обидуваат да ве донесат во заблуда“, убеден е финансиерот .
Белфорд изјави дека очекува цената на Биткоинот да се зголеми уште во краток рок, пред евентуалниот колапс на пазарот.
Тој ги спореди овие случувања со „опсесија на лалиња“ во Холандија во 17 век, кога вредноста на цвеќињата растела значително пред да дојде до колапс во цените и банкротот на многу луѓе.
Во интервју за CNN тој вели:
„Мислам дека токму сега тоа со биткоинот е една огромна опасност, кога луѓето гледаат на нив како на следното „големо нешто“, тоа е вистински балон, кој многу наскоро ќе се разгори и пукне“.
„Во следната фаза ќе видите дека вредноста на биткоинот навистина ќе се зголеми, тоа ќе биде потегнато докрај и во крајна сметка цената ќе падне нагло долу“, коментира уште Белфорд.
„Целата оваа приказна би можела да биде корисна ако сте дисциплинирани, влезете и излезете со мал прозорец, во кој ќе инвестирате и направите пари.
Но, тоа не е во човековата природа, гуѓето ќе заиграат и ќе сакаат да заработат се повеќе и повеќе пари и тогаш ќе го загубат“, тврди финансиерот.