25 Април, 2024
0.0258

ВИНАРИИ: Македонија мора веднаш да воведе мерки против Хрватска!

Објавено во: Агробизнис 22 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Македонските винарски визби кои извезуваат вино во Хрватска бараат Министерството за земјоделство итно да возврати со реципрочни мерки за увозот на хрватски производи. Барањето доаѓа откако Хрватска воведе нов Правилник за увоз на вино од трети земји меѓу кои е и Македонија, а со кој значително е отежнат извозот на македонско вино во Хрватска. Дел од винариите велат дека проблемот со извоз на вино на Хрватска не е создаден само од новиот Правилник, туку дека и претходно оваа земја преку различни адмнистративни ставки го кочела увозот на македонско вино. Според винариите причината за ваквите потези на Хрватска е заштита на домашните вина од конкуренција. Од винарските визби коментираат дека вакви проблеми немаат со другите членки на ЕУ каде што се извезува македонско вино.Дел од винариите поради повеќегодишните проблеми со извоз на вино во Хрватска, веќе се откажале од оваа дестинација.

„Проблемот со извоз на вино во Хрватска не е од сега.Ние и претходно имавме проблем со Хрватска и цела година реагиравме, но никој не ни помогна.Нашиот увозник во Хрватска со цела регулирана документаија,  во 16 земји во светот извезуваме, со исти документи во цела ЕУ, во Хрватска ни направија толку голем проблем, не ја пуштаа нашата роба многу време и отпосле надвор од секоја логика добивме и царински прекршок за нашиот узвоник, се со цел да го обесхрабрат да работи со Македонија.Тоа се тие  адмнистртативни трговски бариерери што ги прават со кои они ефикасно ја сопреа нашата продажба. Од тие причини ние цела година не извезуваме во Хрватска.Сега со новите правила ние ќе бидеме доведени да не можеме да извезуваме.Нашата  држава треба експересно да одговори со реципрочни мерки, оти они двојно повеќе извезуваат кај нас отколку ние кај нив.Се гледа дека не сакаат вино од Македонија оти им штети на нивното вино. Ние немаме никаква заштита, а сме извозници и извезуваме вино.Хрватска ова го прави цело време и никој не реагира“, вели Јордан Трајков, сопственик на винарската визба „Попова Кула“.

Според новите правила се пролонгира периодот на ставање на виното во продажбва од 24 часа на минимум 32 дена, а зголемени се и трошоците за дополнителни анализи и за заштита на животна средина. Овие дополнителни трошоци паѓаат на терет на увозникот односно застапникот на одредена македонска винарија, и влијаат врз зголемување на продажната цена на македонското вино, што крајно го прави неконкурентно на хрватскиот пазар. Најмногу на удар се винариите кои извезуваат наливно вино. Дел од винарските визби велат дека поради овие причини ги намалиле количините на вино што ги извезуваат во Хрватска.

„ Со тие измени кои што ги направија се отежна малку увозот, но ние се прилагодивме некако, ги намалвме количините кои што треба да се извезуваат затоа што и самиот увозник се плаши затоа што 30 до 40 дена му го држат виното за испитување.Самите увозници се закочани со набавката со овие правила.Мислам дека е добро што од македонскиот министер за земјоделство има барање да се реши тоа со реципроцитет доколку хрватската влада не најде слух за овие работи.Инаку ова е чисто нивна заштита на хрватското вино, но најмногу страда Македонија и Косово, друг никој не засегнат со мерката, Хрватска има увоз на вино, но од ЕУ и тука не важат тие правила. Проблемот е што е ние не сме членка на ЕУ и лани не бевме, но немаше такви бариери.Но ете наоѓаат начини како да си го штитат сопственото производство“, вели Јани Ќука раководител на одделот за лозарство во винарската визба „Сковин“. 

Во меѓувреме македонските власти чекаат објаснување од хрватската амбасада зошто Хрватска пристапила кон вакви нетарифни бариери. Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Михаил Цветков, порача дека доколку до крајот на месецов Хрватска не ги промени условите за увоз на макеоднско вино , Македонија ќе воведе реципрочни мерки за увозот на хрватски производи.

„Ние ќе побараме средба и со хрватскиот министер за земјоделство.Јасно е дека станува збор за нетарифни бариери. Ние не бараме да се укинат одредбите што ги донесле, но условите нека бидат во некои разумни граници, не може 32 дена да стои нашето вино по магацини. Ако до крајот на месецот нема промени, тогаш ќе бидеме принудени да преземеме реципрочни мерки за увозот од Хрватска, списокот со нивни производи го имаме“, вели министерот Цветков.

Новиот Правилник во Хрватска стапи на сила на почетокот на годинава.Според информациите од винарските визби, процедурите за пуштање во промет на македонските вина сега траат помеѓу 15 и 45 дена, зависно од винарија и од увозник.

Годишно во Хрватска се извезуваат околу 17 милиони литри вино во вредност од 11.2 милиони евра, или 22,5% од вкупната количина на извезено вино во светот.Само лани дури 26 отсто од македонското се извезло во Хрватска, што според винарските визби е и една од причините зошто Хрватска се чувствува загрозена и воведувајќи нови правилници сака да го заштити сопственото вино.

Т.С

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари