(ВИДЕО+ФОТО) ГОРИ ЗАКИНТОС: Властите прогласија вонредна состојба
Објавено во: Балкан 14 Август, 2017
Властите во Грција прогласија вонредна состојба на островот Закинтос, каде веќе четврти ден има големи пожари.
Овие пожари беа наречени и „организирана кампања“.Огнена стихија има на 12 локации, но засега не претставуваат закана за населените места и хотелите на островот.
Во саботата и неделата имало 5 пожари, но подоцна избиле уште 3 пожари.
Се верува дека пожарите се подметнати.
Активен е и големиот пожар североисточно од Атина. Стихијата излезе од контрола во регионот на Каламос, каде вчеравечер неколку илјади лица се евакуирани.