28 Март, 2024
0.0243

(ВИДЕО) Запознајте го кралот кој има 15 жени, огромно богатство и владее повеќе од 30 години!

Објавено во: Стил 22 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Мсвати III, актуелниот крал на Свазиленд, моментално има 15 жени, а престолот го преземал пред повеќе од 30 години.

Неговиот татко Собхуза II владеал скоро 83 години, што е најдолго забележано владеење на еден монарх на светот. Собхуза II пропагирал единство и расна еднаквост во земјата и успеал да го зачува Свазиленд како остров на мирот во врелата Африка.

Во време кога умрел, Собхуза имал 70 жени, 210 деца и 1 000 внуци. Мајката на Мсвати, според приказните, била слугинка во палатата која му паднала во око на кралот, ја искористила таа ситуација како на својот син би му обезбедила наследување на престолот. Како и таткото, 49 годишниот Мсвати ужива во жени, што покажал во годишниот трационален танц Умхланга. Тогаш десетици илјади девици се насобрале како полуголи би играле за кралот во надеж дека некоја од нив ќе му западне за око.


Кога епидемијата со сида излегла од контрола, Мсвати донел забрана за односи на помлади од 18 години, но се паднало во вода кога за својата девета жена ја избрал седумнаесет годишната девојка, која ја купил со една крава. Две години подоцна, вниманието му го привлекла убава осумнаесетгодишна девојка, која ја украл од училиште, но нејзината мајка покренала тужба. На крај сепак се откажала,а девојката станала десетата жена на кралот.

Додека населението се бори за опстанок, кралското семејство се расфрла со своето богатство, возен парк и приватни авиони. Најстарата ќерка на Мсвати неодамна за само еден викенд во Абу Даби потрошила милион долари. Ова кралско семејство се наоѓа меѓу 15 најбогати монархии во светот. Во земја од 1,2 милиони жители има апсолутна власт, а законот на Свазиленд забранува политички партии.

Кралот Мсвати III наводно секоја година од државниот буџет присвојува 50 милиони долари како би ја финансирал фамилијата.  Британскиот печат пишува дека четири негови сопруги избегале од харем, жалејќи се на „емотивно злоставување“.


Инкосикати Ла Мибиказа има статсу на „главна жена“ меѓу 15 сопруги на кралот Мсвати. Го напуштила училиштето кога имала 16 години за да се омажи за кралот, со што станала неговата прва сопруга. Кралицата Ла Мбикиза дополнително завршила средно училиште, а потоа Правен факултет. Сепак, не и е дозволено да се занимава со својот повик, бидејќи се сметало дека во судир на интереси е тоа нејзината позиција да создава притисок на судиите. Се свртела кон културата па така снимила госпел музички албум, а дури успеала да се појави на насловните на американските медиуми поради својот моден вкус.

Првите две жени на кралот за него ги избрале националните советници, а за да би можел кралот да ја ожени вереницата, таа прво мора да остане во друга состојба (односно бремена) како би докажала дека може да носи наследник.

Во традиционалната култура на оваа земја, од кралот се очекува да се ожени со жена од секое племе како би ги зацврстил врските со секој дел на Свазиленд.

Иако за странци е исклучително пријатен, Свазиленд сепак е далеку од земскиот рај. И во кралската долина, веднаш зад солидно асфалтираните главни патишта, почнуваат прашливите улици и сиромашни населби во кои картон, лим и кал им се најчест градежен материјал, во кои течната вода е луксуз, а перење алишта воглавно се прави на поток.

Но сиромаштијата сепак не е најголем проблем кој го има оваа земја. Според официјалните податоци, третина од возрасната популација е инфицирана со вирусот сида, што е најголем процент на светот. Животниот век е 37 години, а уште од 2007 година потекнува податокот дека во земјата која има помалку од милион жители, без двајца родители биле 70 000 деца.

Почитувањето на кралот е дел од традицијата (како и полигамијата) но и тие работи се менуваат. Во септември 2008 година се славил 40-от роденден на сегашниот крал Мсвати III  и 40 години стекнување независност.

Сите 13 кралски жени отишле тогаш во странство во шопинг поради што избиле големи демонстрации во кои учествувале 10 000 луѓе, повеќето жени. Една од паролите била „Ние умираме додека тие летаат “.

Кралството Свазиленд е сместено помеѓу Мозамбик и Јужна Африка, изгледа како мал, сиромашен брат на големиот сосед, и во однос на брзата , пулсирачка Јужноафричка Република, делува помалку заспано. Таа заспаност со себе носи мир, кој ќе се почуствува веднаш штом се помине границата на последното апсолутно кралство во Африка.

Расни тензии нема, а криминал малку, и тоа од оној „обичниот“. По земјата се патува со мини автобуси.

Иако Мбабане е главен град, долината Езулвини (Небесната долина) во негова близина веќе со векови е седиштето на кралското семејство. Срцето на долината е Лобамба, иако ова место на прв поглед не покажува дека има така важна улога.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи