(ВИДЕО) СО АВТОМОБИЛ ВЛЕТА МЕЃУ ЛУЃЕ: Загина бебе
Објавено во: Свет 19 Јануари, 2018
Човек со автомобил влета во толпа луѓе покрај познатата плажа Копакабана во Бразил, при што загина 8-месечно бебе, а повеќе од 15 луѓе се повредени.
Очевидците на настанот велат дека „малиот црн автомобил прелетал преку велосипедската патека“ и се забил во пешаците покрај плажата во Рио де Жанеиро.
Се појавија снимки од инцидентот, на кои се гледа како повредните лежат на тротоарот, на песокот и смачканиот автомобил. Возачот е приведен и на полицијата ѝ кажал дека имал епилептичен напад, а во возилото се најдени лекови против епилепсија.
Полицијата потврди дека инцидентот не е поврзан со тероризам.