20 Април, 2024
0.0403

ВИДЕО: Привршува изградбата на пречистителната станица во Струмица

Објавено во: Мои пари 18 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Израдбата на пречистителната станица во Струмица е при крај, а во контролна посета на истата беше Јадранка Иванова раководител на Сектор за Европска унија во министерството за животна средина и просторно планирање.

Целта на посетата беше да се види прогресот во изградбата на Пречистителната станица која што е проект финансиран од ЕУ во вредност од 6,9 милиони евра.

-Од тоа што можевме да го видиме, работите речиси се при крај, односно, дел од објектите се пуштени во тестирање, го поминаа тестот, дел се подготвуваат за тестирање и се надеваме дека како што и беше планирано до крајот на октомври Пречистителната станица ќе биде пуштена и во употреба со цел да може сите отпадни води од Струмица да се прочистуваат и потоа како прочистени да се влеваат во реките на подрачјето на Струмица. Овој проект значително ќе придонесе за заштита на водите, затоа што водите во реката Струмица повеќе нема да бидат загадени, односно, нема да има негативно влијание од отпадните урбани води од Струмица и претставува многу значаен проект за Република Македонија, заради тоа што, тој е од обврските кои што ги имаме согласно Законот за води, да сите отпадни води се прочистуваат и да не бидат испуштени во реципиентите без нивно претходно соодветно прочистување. Согласно Законот, тој претставува дел од обврската и на општина Струмица, меѓутоа, дел и од обврските кои што постојат за Република Македонија, односно, за министерството за животна средина. Особено ми е драго што можам да видам дека сите работи се одвиваат согласно планот, а можам да кажам дека општина Струмица навистина ги исполнуваше своите обврски навремено, што придонесе од сите три Пречистителни станици кои што ги градиме во моментот, таа да биде првата која што ќе ја пуштиме во употреба, рече Иванова.

Пречистителната станица се простира на површина од 55 илјади метри квадратни и ќе опслужува 53.419 жители од градот и околните населени места Баница, Добрејци, Градско Балдовци, Сачево, Дабиле, Просениково, Муртино и индустриските зони кои гравитираат кон Струмица.


Можеби ќе ве интересира

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција