(ВИДЕО) НЕСРЕЌА ВО ИНДОНЕЗИЈА: Се урнал меѓукат на зградата на берзата, 28 повредени
Објавено во: Свет 15 Јануари, 2018
Меѓукатот се срушил и повредил 18 луѓе во зградата на индонезиската берза.
Портпаролката на болницата во главниот град на Индонезија, Џакарта, соопштила дека во болницата се наоѓаат 28 луѓе и дека се проценува сериозноста на нивните повреди, јавува АП.
Портпаролот на државната полиција на Индонезија пак рекол дека причина за уривање на меѓукатот не е бомба.
Исламските екстремисти извршиле бомбашки напад на една од двете кули на Индонезиските берзи во септември 2000 година.
Шефот на берзата им соопштил на новинарите дека системот на берза не е оневозможен со падот на меѓукатот, а дека сите членови на берзата се безбедни.
Додал дека берзата непречено ќе продолжи со работа.