(ВИДЕО) Над 55 пожари во Грција за 24 часа, еве каде има висок ризик
Објавено во: Балкан 15 Август, 2017
За едно деноноќие во Грција пријавени се 55 пожари од кои повеќето се изгаснати, информираше противпожарната служба во земјата.
Три големи пожари засега се активни. Пожарот во источна Атика, особено помеѓу Каламос и Микрори го гаснат 72 противпожарни возила со екипа од 180 членови, 58 пожарникари пешадија, 100 војници, три канадери, шест хеликоптери, повеќе градежни општински и други возила со многу волонтери.
На островот Закинтос, каде за пет дена избувнаа 20 шумски пожари, работат 37 противпожарни возила со екипа од 134 членови, 30 пожарникари и еден противпожарен воздухоплов. Шумскиот пожар што избувна во земјоделската област во префектурата Крионери го гаснат 20 противпожарни возила со екипа од 42 члена, 27 пожарникари и три противпожарни авиони.
Денеска е прогласен многу висок ризик (4) за областите Атика, Евбеја, Додеканези, Киклади и островите Крит, Лезбос, Хиос, Самос, Икарија, Псара.
Висок ризик (степен 3) е прогласен и за Еврос и островите Закинтос, Итака, Лефкада, Крф, Паксос, Самотраки, Лемнос, Агиос Ефстатиос и Скирос.