16 Април, 2024
0.0230

(ВИДЕО) БИЛ НА РАБОТ НА СМРТТА И ГО ИСКУСИЛ РАЈОТ: Неврохирург тврди дека му се случило чудо!

Објавено во: Стил 14 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Многу луѓе ги споделуваат своите искуства за животот после смртта, а еден од нив е и познатиот неврохирург Ибен Александер.

Неврохирургот кој во текот на својата кариера работел на илјадници мозоци, верувал дека она што луѓето го нарекуваат „душа“ е всушност хемија на мозокот, се додека не му се случило необично искуство.

Александер во 2008 година заболел од менингоенцефалитис, поради што паднал во кома во која поминал недела дена.

Дел од мозокот кој ги контролира мислите и емоциите - и во суштина она што не прави луѓе целосно се исклучило. Седум дена Александар лежел во болнички кревет во длабока кома. Потоа, додека неговите лекари предложувале можност за запирање на лекувањето, неговите очи се отвориле. Се вратил.

Неговото опоравување, судејќи по се е медицинско чудо. Но вистинско чудо се неговите зборови за тоа што доживеал.

Додека неговото тело било во кома, Александер тврди дека наишол на анѓелско битие кое го водело во најдлабоките домени на супер-физичкото постоење. Таму го запознал Божествениот извор на вселената.

Тој вели дека видел чудна светлина како се спушта кон него и почнал да слуша музика.

„Тоа беше кружен ентитет кој емитуваше музика. Светлината се отвори како дупка. Почувствува како се движам низ неа горе во зелена и светна долина каде водопади сјаеја и се слеваа во кристални базени. Таму имаше меки, бели и розеви облаци. Го видов жар синото него со дрвја, ливади, животни и луѓе. Тука имаше и вода која течеше како река или паѓаше како дожд. Од површината на водата се креваше светлина, а во неа пливаа риби“, раскажал тој.

Александер вели дека тоа што го доживеал е доказ дека постои рај.


Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре