(ВИДЕО) 6 МРТВИ ВО ТЕШКА НЕСРЕЌА: Во пад на хеликоптер загина сестрата на претседателот на Хондурас
Објавено во: Свет 17 Декември, 2017
Сестрата на претседателот на Хондурас Хуан Орландо Хернандес и министерка во неговата влада Хилда Хернандез (51) загинала денес заедно со уште пет лица кога се урнал хеликоптер во кој се наоѓале, соопшти војската на Хондурас.
Два извиднички хеликоптери се упатени на терен како би се пронашол исчезнатиот Eurokopter AS350, кој од престолнината Тегасигалпе тргнал кон Комајагва, меѓутоа поради лошите временски услови се испратени пешадиски тимови.
„Остатоците од хеликоптерот се лоцирани и нема преживеани. Шест лица кои биле во хеликоптер, вклучувајќи ја и Хилда Хернандес, се најдени мртви“, рекол претставникот на владата и додал дека причината за несреќата ќе се истражува.
Хилда била земјоделски инженер по професија, а во владата на својот брат работела и како министер за комуникација, додека во претходната влада на претседателот Порфирио Лоба била министерка за општествен развој.