25 Април, 2024
0.0301

Весковски: По ударот на Јакимовски ќе си го вратиме Карпош, Бастионот на СДСМ

Објавено во: Македонија 18 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Душко Весковски е еден од најсериозните кандидати за градоначалник на општина Карпош од редовите на СДСМ кој ќе се обиде да му се „одмазди“ на Стевчо Јакимовски кој ги изневери социјалдемократите преоѓајќи во коалција со Груевски. Тој е раководител во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, дипломиран правник и  магистрант на катедрата за Менаџмент на човечки ресурси на факултет "Блаже Коневски" во Скопје. 

„По промените кои што ќе се случат веќе есенва на 15 – ти октомври се обврзуваме дека ќе го намалиме загадувањето и ќе се заложиме за квалитетен воздух и живот. Граѓаните ќе ги вклучиме во донесувањето на одлуките каде заедно ќе го штитиме јавниот интерес. Зелените површини и паркови ќе ги обновиме, бидејќи тие се симболот на Општината. Ветуваме, Карпош повторно ќе биде чиста и зелена општина!", изјави Душко Весковски во првото интервју дадено за Точка.

Весковски раскажува и за неговите почетоци во политиката и зошто е важно да се врати Карпош некогашниот Бастион на СДСМ каде партијата одлично пројде на парламентарните избори.

„Моите почетоци во политиката беа по завршување на средношколските денови, најпрвин како дел од младината на СДММ, потоа член на извршниот одбор на СДСМ Карпош, за во 2013 година да го добијам мандатот да ја водам Општинската организација на Карпош во најтешкиот период за партијата во моменти кој беа најтешки за нашите симпатизери и членови, но сите тие останаа доследни на партијата. И по ударот кој ни го нанесе Стевче Јакимовски на почетокот на неговиот неславен мандат денес повторно си го враќаме Бастионот на СДСМ а тоа е Општината Карпош, изјавува Весковски.

Според него идеален кандидат би бил затоа што сака да го спречи уништувањето на општина Карпош.

„Заедно го браневме зеленилото, протестиравме, се спротиставивме на лошите политики на Јакимовски и ВМРО-ДПМНЕ. Сега заедно ја креираме Програмата за зелена, урбана и функционална општина. Знам дека само единствено сите заедно ќе успееме и ќе ја вратиме Општината во рацете на жителите на Карпош“, изјави Весковски за Точка.



Можеби ќе ве интересира

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

„ЏАРО ИМ ПЛАТИЛ НА ФУДБАЛЕРИ ДА ИГРААТ КАКО ШТО ТОЈ САКА, А ВО МАКЕДОНИЈА НАМЕСТИЛ НАТПРЕВАР ДА ЗАВРШИ 134 НАСПРЕМА НУЛА“: Српските медиуми за Џаровски

„ЏАРО ИМ ПЛАТИЛ НА ФУДБАЛЕРИ ДА ИГРААТ КАКО ШТО ТОЈ САКА, А ВО МАКЕДОНИЈА НАМЕСТИЛ НАТПРЕВАР ДА ЗАВРШИ 134 НАСПРЕМА НУЛА“: Српските медиуми за Џаровски

ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА: Таткото со нова жалба пред Врховен за притворот

ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА: Таткото со нова жалба пред Врховен за притворот