Уапсен гувернерот Илмар Римшевич
Објавено во: Свет 18 Февруари, 2018
Припадници на летонската антикорупциска агенција го уапсија гувернерот на централната Банка на Летонија, Илмар Римшевич, соопшти денеска Кабинетот на летонскиот премиер Марис Кулинскис.
„Бирото за превенција и борба против корупцијата го уапси гувернерот на Банката на Летонија“, се наведува во соопштението.
Причините за апсењето на Римшевич сѐ уште не се соопштени . Во петокот, агенти на Бирото извршија претрес во неговиот дом и канцеларија.