24 Април, 2024
0.0286

Трамп: Ќе биде прекрасен сонот без нуклеарно оружје, но ние нека си имаме за секој случај

Објавено во: Свет 24 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

САД треба да се број еден кога станува збор за нуклеарен аресенал. Ова мислење го изрази новиот американски претседател Доналд Трамп во интервју за Reuters. 

Трамп најави дека би сакал да види свет без нуклеарно оружје, но истовремено изрази загриженост дека САД „заостанува во капацитетот во однос на нуклеарното оружје„. „Никогаш нема да имаме помал нуклеарен арсенал од која и да е друга држава, па дури и да зборуваме за сојузник. Ќе биде прекрасно, сонот, да има свет без нуклеарно оружје, но ако имаме нуклеарно оружје, тогаш ние ќе сме на чело“, рече американскиот претседател.

Според антијадрената невладина организација Ploughshares Fund во моментот САД има околу 6800 нуклеарни боеви глави, а Русија е со повеќе - околу 7000. Според антијадрениот договор START меѓу Вашингтон и Москва до 5 февруари, 2018 година двете земји треба да го намалат својот стратешки нуклеарен арсенал па ниедна страна да нема предност. Според договорот САД и Русија треба да имаат не повеќе од 800 интерконтинентални нуклеарни проектили на копно и во подморници. Трамп сепак го смета START за „еднострано решение“, слично на нуклеарниот договор со Иран. Американскиот претседател изрази незадоволство и од распоредувањето на ракети со среден дострел од страна на Русија (На пример во Калининград) и посочи дека „кога и ако“ се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, ќе го покрене прашањето за нуклеарното оружје и за ракетите со среден дострел.

Во моментов во САД е во средината на обнова на интерконтинентални балистички ракети. Периодот на обнова е 30 години, а предвидените средства се во износ од 1 трилион долари. Истовремено Трамп не ја исклучи можноста да се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун „под одредени околности“, но и покрај тоа мислење на американскиот претседател е дека е премногу доцна. Трамп додаде и дека може да се „забрза“ создавањето на противракетна одбрана за Јапонија и Јужна Кореја во одговор на тестовите со проектили на Северна Кореја. 

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница

КУЛЕБА НАСКОРО ЌЕ ДАДЕ ОБЈАСНУВАЊЕ: Украина ги укина конзуларните услуги за машките државјани на воена возраст во странство

КУЛЕБА НАСКОРО ЌЕ ДАДЕ ОБЈАСНУВАЊЕ: Украина ги укина конзуларните услуги за машките државјани на воена возраст во странство

ГАЗА: Откриена е масовна гробница, дел од луѓето биле со врзани раце и нозе

ГАЗА: Откриена е масовна гробница, дел од луѓето биле со врзани раце и нозе

ГО ПОГОДИЛЕ БЕЛГОРОД: Руските сили фрлиле бомби на своја територија

ГО ПОГОДИЛЕ БЕЛГОРОД: Руските сили фрлиле бомби на своја територија