Таравари: Во здравството речиси сите се вработени како партиски војници
Објавено во: Македонија 26 Јуни, 2017
Новиот министер за здравство Арбен Таравари тврди дека веднаш увидел огромна партизираност на здравствениот систем во Република Македонија.
- Лекарите не можат да гледаат како се вработуваат партиски војници и да трпат неправди. Почнувајќи од чистачите, медицинските сестри, болничарите, лекарите, односно се што се примаше во последните седум години беше по партиски клуч, со чест на исклучоци. Факт е дека се е партизирано, не се избира стручњак што си ја знае работата, туку партиски војник. Не сакам да генерализирам и да тврдам дека во една партија има само лоши лекари. Има и добри и лоши. Мислам дека лекарите, наставниците и судиите мора да бидат најмалку политизирани, односно да ги избереме најдобрите. Јас не викам дека јас ќе успеам се да департизирам, но ќе дадам максимум од себе, лекарите што ќе почнат со работа да бидат експерти во својата област – истакна министерот Таравари во интервју за Фокус.