29 Март, 2024
0.0301

СВР Куманово му „стегна“ кривична пријава на поранешен градоначалник на Крива Паланка

Објавено во: Македонија 13 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

СВР Куманово до ОЈО Куманово поднесе кривична пријава против лицата А.А. (57) и М.М. (67), поради  постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело “злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 став 1 в.в. со член 45 и “фалсификување исправа“ по член 378 став 1, од Кривичниот Законик на Р. Македонија, соопштуваат од МВР.

Како што стои во соопштението: „Двајцата пријавени во периодот од јуни 2009 година до мај 2013 во два наврати ја злоупотребиле својата службена положба и овластувања, првопријавениот во тој период во својство на градоначалник на општина Крива Паланка, а второпријавениот во својство на тогашен директор на ДСУ “Ѓорче Петров“ од Крива Паланка, постапувајќи спротивно на заклучоците и одлуката на Владата на Република Македонија во врска со проектот - за изградба на 35 спортски сали во кој што список влегла и општина Крива Паланка за финансирање на изградба на спортска сала во сопственост на општината, а на користење на средното училиште.

Имено, А.А. и М.М. на 29.05.2009 година изготвиле и потпишале лажна исправа - Договор за инвестирање во изградба на спортска сала „Петар Поп Арсов“ со Агенцијата за спорт и млади како инвеститор на проектот. Притоа, заведувајќи го “договорот“ под три деловодни броја во три деловодника и тоа во: оној при општина Крива Паланка, во ДСУ „Ѓорче Петров“ и во Агенција за млади и спорт, во договорот во член 7 став 1, навеле дека спортската сала наводно ќе биде изградена во дворот на ДСУ „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка, иако таму што веќе имало изградено спортска сала.

Исто така, согласно склучениот договор, општина Крива Паланка се обврзала да го подготви теренот и да обезбеди пристапни патишта за отпочнување на изградбата, да изврши технички прием на функционалност на спортска сала, да издаде употребна дозвола, и да достави до Агенцијата за млади и спорт имотен лист во кој ќе биде впишана спортската сала.

Овие одредби од договорот воопшто не биле исполнети, туку спротивно на тоа пријавениот А.А. донел и потпишал Решение за локациски услови за градба и потпишал Одобрение за градење- изградба на спортската сала, на друга локација, на катастарска парцела која дел била во сопственост на Општината а дел во сопственост на Република МАкедонија, и без претходно да се изврши пренамена на земјиштето од земјоделско во градежно.

По изградбата на спортската сала, двајцата пријавени по втор пат ја злоупотребиле службената положба и овластување кога прифатиле и потпишале Записник за примопредавање на градежниот објект- спортската сала, со Агенцијата за млади и спорт. Наведувајќи притоа, дека наводно истата целосно е завршена иако не биле изведени градежни работи за доградба, реконструкција, паркинг простор, сообраќајници согласно Одобрението за градење, а што е констатирано во Записникот за извршен вонреден инспекциски надзор од страна на градежната инспекција. Со тоа е нанесена дополнителна штета на Општината, која во наредниот период треба да ги доврши овие градежни работи“.

Наедно, констатирано е дека новоизградената спортска сала воопшто не била внесена во катастарскиот операт за КО Крива Паланка, а имотниот лист во кој требало да биде внесена спортската сала во сопственост на Општина Крива Паланка, никогаш не бил доставен до Агенцијата за недвижности при Влада на Република Македонија

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот