СТАТИСТИКА: Kолку луѓе може да нахрани германски, австриски, француски земјоделец?
Објавено во: Агробизнис 15 Октомври, 2017
Земјоделецот во Германија може да произведе храна за 152 луѓе.
Во Франција еден фармер може да прехрани 77, во Австрија 56, во Словенија 25, а просекот за ЕУ говори дека еден земјоделец може да прехрани од 50 до 80 жители, вели Бранислав Гулан од САНУ за Блиц.
Тој додава дека Србите сепак се под просекот и на аграрот му треба подобрување.
Србија има земјоделство со ниска продуктивност, а ако се погледне потрошувачката, за храна и лични потреби одат 42,9% од приходите, што е највеќе во Европа.
За три децении српското земјоделство има раст од 0.45%, а до 2000 година растот бил 0.6%.