26 Април, 2024
0.0274

Србија и Косово ќе ги продолжат преговорите под посредство на ЕУ

Објавено во: Балкан 19 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Српскиот и косовскиот претседател Александар Вучиќ и Хашим Тачи се согласија да продолжат разговорите за нормализирање на односите меѓу двете земји.

Ова го изјавила портпаролката на високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини , Маја Костиничиќ. Таа објаснила дека двајцата претседатели имале телефонски разговор и се согласиле да ги продолжат разговорите со посредство на ЕУ во Брисел.

„Континуираниот дијалог е единствениот начин да се обезбеди сигурност и трајна стабилност во Косово, Србија и низ цела Европа“, истакна Костиничиќ. Според неа, „исполнувањето на договорените работи досега е обврска за двете страни и тоа ќе ја одреди брзината на нивниот напредок кон европската интеграција„.

Српската делегација се повлече од разговорите по убиството на водачот на косовските Срби Оливер Иванов во Митровица пред три дена.

Во исто време, стана јасно дека косовската полиција го пронајде последниот сопственик на автомобилот кој бил изгорен по убиството. „Последниот сопственик на автомобилот на Opel Astra е некаде во Србија„, изјави Бесим Хута од косовската полиција за локалниот весник Експрес. 

„Овој автомобил бил во Србија од 2009 до 2017 година“, рече тој, цитиран од медиумите, а заменик-министерот за внатрешни работи на Косово, Милан Радојевиќ, за возврат рече дека досега биле испрашувани 6 лица за убиството на Ивановиќ. 

Српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, тврди дека „приштинските власти одбиваат да соработуваат со српските институции во истрагата за убиството“.

Можеби ќе ве интересира

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци