19 Април, 2024
0.0287

Социјална заштита за децата: Вложување во ефикасен систем на социјална заштита за сите сиромашни деца

Објавено во: Мои пари 18 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

На конференцијата „Социјална заштита на децата – размена на добри практики“ која завршува денес во Сарајево, донесувачите на одлуки и стручњаците што работат во областа на социјалната заштита од Босна и Херцеговина, Албанија, Србија, Црна Гора, поранешната Југословенска Република Македонија, Словенија, Грузија и Молдавија ги повикаа владите од регионот да продолжат со натамошни инвестиции и посоодветен систем на социјална заштита на децата.

Тридневната конференција ја организира УНИЦЕФ Босна и Херцеговина со поддршка од регионалната канцеларија на УНИЦЕФ за Европа и Централна Азија и канцелариите на терен на УНИЦЕФ од земјите учеснички.

Делегацијата на нашата земја предводена од Мила Царовска, министер за труд и социјална политика и Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ во земјата учествуваше на настанот и сподели искуства во креирање политики кои се потпираат на факти  и осмислување програми за социјална заштита.

“Борбата против детската сиромаштија е приоритет број еден на Владата. Затоа Минситерството за труд и социјална политика започна со амбициозна и сложена реформа на системот за социјална заштита во земјата за да одговори поефикасно и да ги заштити децата и семејствата со деца од негативните ефекти на сиромаштијата,” рече Мила Царовска, министер за труд и социјална политика во своето обраќање.

“Особеноста на детската сиромаштија е во тоа што подоцна не можете да ги смените последиците. Физичкиот, емоционалниот и когнитивниот развој од дете во здрав возрасен човек е поткопан од повеќекратните последици од детската сиромаштија. Но, добрата вест е дека можеме да ја смениме детската сиромаштија ако таа ни стане национален приоритет,” рече Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ во земјата.

Г. Душан Томшиќ, специјален советник во кабинетот на министерот за труд и социјална политика и г-а Сузана Борнарова, професор на Универзитетот „Свети Кирили Методиј“на конференцијата ги презентираа научените лекции и искуствата со електронската база на податоци на корисниците на социјална помош и грижа и со лиценцирањето на професионалци за социјална помош и нега.

Учесниците на крајот од конференцијат усвоија Повик за акција кој дополнително ја потврдува посветеноста на земјите во регионот да го подобрат системот на социјална заштита во кој децата заземаат важно место преку обезбедување:

Зајакнување на системите и политиките за социјална заштита со помош на планирање, следење и иновации базирани на докази;

Социјалните трансфери за семејствата и децата значително да придонесуваат за намалување на детската сиромаштија и лишувања, а во исто време одржливо ја подобруваат нивната благосостојба

• Социјалните трансфери да бидат поврзани и да се координираат со други клучни комплементарни интервенции кои ја подобруваат благосостојбата на децата преку сеопфатен системски пристап

• Програмите за социјална заштита да ги опфаќаат најсиромашните и најранливите деца

• Соодветни фискални ресурси да бидат наменети за социјална заштита

Зајакнувањето на социјалната заштита на децата е од интерес за сите земји во регионот затоа што тоа е најефикасниот начин да се победи сиромаштијата и социјалната исклученост, како и да се овозможи децата да имаат барем минимални услови на живот. Со решавање на проблемот со сиромаштијата и социјалната исклученост на децата, социјалната заштита може да им помогне на децата да ги остварат своите права на опстанок, развој, учење и целосно и правично учество во општеството. 


Можеби ќе ве интересира

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023