25 Април, 2024
0.0289

„Со поголемо младинско учество до силни совети на млади“

Објавено во: Мои пари 22 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Коалиција на младински организации СЕГА во соработка со Агенција за млади и спорт започна со имплементација на проектот „Учество на младите во процесот на донесување на одлуки“. Проектот се спроведува со поддршка од Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, преку програмата Еразмус+, Клучна Акција 3 (Структурен дијалог)

Целта на овој проект е да се подобри функцијата и улогата на веќе постоечките Совети на Млади (во следните општини: Кавадарци, Штип, Св Николе, Теарце, Радовиш, Струмица, Неготино, Гази Баба, Град Скопје и Прилеп) и на тој начин да се влијае на подобрување на младинското учество во демократскиот живот.

Првата активност на проектот е Национална работилница со наслов „Како до зголемување на младинското учество преку зајакнување на функцијата на Советите на Млади“ која се одржа на 22.02.2017 во Скопје.Целта на оваа работилница е да се соберат мислења за состојбата на младинското учество на локално ниво, учесниците да отворат дискусија за функционирањето на веќе постоечките Локални Совети на Млади како и да дадат препораки за начините на нивно подобрување.

Зоран Илиески – извршен директор на Коалиција СЕГА: “Активностите кои ги спроведуваме во овој проект и дискусиите кои ќе ги организираме треба да дадат јасни препораки за тоа како да се зголеми младинското учество преку зајакнување на функцијата на Советите на Млади. Вклучувањето на сите засегнати јавности во структурен дијалог ја покажува нашата вистинска желба и потреба да се унапреди овој процес во кој ќе сите релевантни страни ќе дадат свој активен придонес.„

Зорица Стаменковска – Агенција за млади и спорт: „Неопходно е назначување на контакт лица, односно одговорни лица во општините за функционирањето на Советите на млади,кои што ќе им овозможат помош и поддршка и ќе го овозможат нивното учество во процесите на донесување одлуки“.

Коалицијата на младински организации СЕГА е формирана во 2004 година со цел да придонесе кон процесот на креирање и имплементација на Националната стратегија за млади на Р. Македонија и да помогне во исполнување на потребите на младите. Коалицијата ја сочинуваат 21 членки.

Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка