Шпанската полиција уби 5 терористи кои спремале уште покрвави напади
Објавено во: Свет 18 Август, 2017
Шпанската полиција во голема акција во градот Камбрилс уби 5 терористи кои биле опремени со експлозиви и се подготвувале да извршат уште пожестоки и покрвави терористички напади при кои бројот на жртви би бил многу поголем.
Според информациите на шпанската полиција во акцијата е повреден еден полицаец како и уште шестмина цивили од кои еден е во тешка состојба.
Акцијата во Камбрилс следи по вчерашниот напад во Барселона каде комби се заби во граѓани при што животот го загубија 13 лица, а уште десетина се повредени.
Зад нападите стојат терористи на Исламска држава.