Седум години по ред ова е најдобар град за живот во светот
Објавено во: Стил 16 Август, 2017
Во конкуренција на 140 градови, Мелбурн и оваа година е најдобар град за живот во светот.
Тој седма година по ред ја има оваа титула.
Сиднеј не влезе во првите 10 градови поради страв од тероризам, се наведува во извештајот на Economist Intelligence Group.
Во топ 10 се Виена, Ванкувер, Калгари, Аделаиде, Оукланд, Хелсинки и Хамбург.
Мелбурн има највисоки оценки за здравство, образование и инфраструктура.
Дамаск, Триполи, Лагос се едни од градовите каде е најлошо да се живее.