28 Март, 2024
0.0261

Се затруле со сендвичи од позната сендвичарница

Објавено во: Македонија 18 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Осум лица се задржани на инфективната клиника во Скопје, а четири се згрижени во амбуланти поради труење со храна. 

Тие имале стомачни проблеми и висока температура откако конзумирале  сендвичи во „Сендвичара 7“ во Скопје. 

За добиени пријави за заразно заболување за лица кои конзумирале храна – сендвичи  во објектот „Сендвичара 7“ бил информиран денеска Државниот санитарен и здравствен инспектор од Карпош од Центарот за јавно здравје – Скопје.

Од увидот во сендвичарницата е утврдено дека општата санитарно-хигиенска состојба во објектот е добра и дека во него не се врши подготовка на храна туку се подготвува во централна работилница. 

Од МЗ велат дека за сите вработени лица доставени се уредно заверени санитарни книшки за месец март.

За бактериолошки мониторинг во врска со труењето од сендвичарницата земени се примерок, испирок од раце на вработена која ги подготвувала плескавиците, брисеви од грло и нос на три вработени кои послужуваат на пулт и брисеви од работни површини и мостри од храна.

Инспекторите донеле решение за затворање на сендвичарницата. Тие наложиле превентивно да се изврши вонредно темелно механичко чистење на просторот, опремата и работните површини, да изврши вонредна дезинфекција, дезинсекција и дератизација и да се изврши вонреден здравствено хигиенски преглед на вработениот персонал.

Истите мерки е наложено да се спроведат и во работилницата на угостителскиот објект.

Можеби ќе ве интересира

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?